ООО ЏЕМААТ! ОООО ДА… ( СРАМОТА ДА НАПИШАМ, ДЕ)

2,988

 

 

И така, додека ја анализираме формулата ‘‘дома, фамилија, улица, држава‘‘, доаѓаме до улицата. На таа иста улица на која додека оди народот гледа по земја, носот му е наведнат кон кондурите. Со дигната глава се само оние со скапи џипови и со коли кои вредат колку цел еден животен проблем на едно просечно семејство кое живее од плата. Ако живее! Што очекувате на улица во мафијашка држава!?. Закон на послиниот, побогатиот и по влијателниот. Растурени домови и фамилии немаат здрав човек да испратат на улица

 

Од Агим ЈОНУЗ

Јас не сакам во своите колумни да интелектуализирам елементарни работи и да мудрувам колку да му се бендиам на сопственото огледало. . Тоа е за оние кои се ‘‘по професија‘‘ ( не реков по комплекс)  интелектуалци и оние кои кога се гледаат пред огледало си даваат на себе комплименти ‘‘ ама си паметен бее‘‘. Поготово на албанската страна од сите силни експерти кои се разбираат истовремено и во туршија и во нуклеарна физика. За македонските не коментирам, зашто толку фали за да засмрди цела соба. Интересна работа, сите ние кои се бавиме со јавниот живот и нешто коментираме, соочени сме со милион парадокси. Еден од најголемите парадокси е податокот кој вели дека сите ние сме свесни дека живееме во секојдневие кое не бара коментар, туку акција. Каква акција? Е тоа е уште поголем парадокс. Сите знаеме дека за нас е само железна рака и воведување дисциплина на брутално ниво, ама си ќутиме. Убаво ни е вака. Циркусот си тече, ние сме циркузанти кои се среќни што некој на улица гопрепознава и вика ‘‘ браос бе, многу си интелигентен‘‘.  Интелигентните одамна побегнале од оваа септичка јама бе друже. Ние сме само лајната што плива во неа.

Што е тоа што остана не анализирано, ставено во колумна или исмејано. Сите можни резили што можеа да испаднат испаднаа, и никого мува не го лази. Сите можни афери, неправди, криминали и далавери се обелоденети и сеуште никого за ништо не го боли. Понекогаш имам впечаток дека во оваа држава можеш буквално што сакаш да правиш и да поминеш неказнет.  Нема кој да те казни. Државата сама себе си се казнува со тоа што е на сите листи меѓу последните. Можете да замислите, на некои листи по некоја статистика ние сме позади Руанда Бурунди. Ова не е заебанција, ова се факти. А, фактите велат и нешто друго. Поставеноста на нештата во општеството се повеќе личат на канцерозно ткиво отколку на болно кое може да се лечи. Направена е преголема штета за да може да се сменат нештата преку ноќ. Интересно е тоа дека народот почна да ја прифаќа стварноста како нешто нормално. Почна и да не се буни народ. Почна да се навикнува на овој циркуз и да се осеќа како кловн во сопствен циркуз. Таму му е најбезбедно. Станавме земја на зомби. Народ оди по улица, гледа во земја и зборува сам со себе си. Не ги гледајте оние во скапи џипови и со дебели златни ланци на вратот. Ова е нивно време. Понекогаш се прашувам, кога некогаш некој би сакал да стави навистина ред, колку ли затвори бини биле потребни да доизградиме. И овие се полни, ама барем уште едно пет затвора ни фалат.

Се нервирам кога некој ке рече дека ги губиме децата они си одат од државата. Ало, ние ги губиме и оние што се внатре, што остануваат. Сите се неуротични, безнадежни, со идоли кои се криминогени. Создадовме кај младите психоза на војна среде мир. Станаа агресивни, дрогирани, напиени, изгубени. Псеудокултурата царува, проституцијата, наркоманијата, коцката, агресивноста. Несреќна нација не може да има среќна младина. Затоа и еден огромен број бара утеха и прискривање во религијата. Се повеќе имаме религиозна младина која наместо да се стреми како да стигне на месечината, таа сонува како еден ден да оди на аџилак. Секој втор усте да извините нема влакна на ‘‘патљакот‘‘ важно има брада! Поготово последните години ионака слабото школство почна да биде само ‘‘про форма‘‘, затоа што наставата преку интернет ги одалечи децата од стварноста која би требало нивната младост да ја слави по школските дворови . Ја убивме младоста во децата. Создадовме ‘‘ млади старци‘‘. Невоспитањето царува, но не поради тоа што тоа е модерно, туку како последица на невоспитани родители. Демографската структура се смени многу. Скопје стана град на сељаци, чобани и криминални ликови од регионот  кои царуваат и кои воспоставуваат правила на однесување. Не зборуваме за селани. Зборуваме за сељаци! Тоа е посебна категорија. Тоа е онаа категорија која се дефинира според податокот колку селото излегло од поединецот, а не поединецот од селото. Никој нема емоција кон новата средина. Сите се сеуште на ливада, а ливадата вели дека можеш да правиш се што ќе посакаш. Капак на се, и оние кои дојдоа од помалите градови во Скопје, во својата желба за етаблирање не бираат начин како да се промовираат во некакви имиња кои нешто значат. Ситуацијата е карамбол. Нема веќе скопјани во јавноста. Тие станаа дефицитарна стока. Тие се опасност. Покрај нив проработуваат комплекси кои се болни. Не затоа што се скопјани. Туку затоа што за да бидеш скопјанец треба сепак да пораснеш најаден со барем три вреќи прашина од скопскиот асфалт.

Во неколку колумни имам спомнато една  шеговита реченица вели дека е подобро да паднеш во депресија отколку во септичка јама. Да, смешно. Ама замисли да си ем депресивен ем да паднеш во септичка јама. Колку и да е бајата оваа финта, секогаш е смешна. Минатите две години кризата со короната ги затвори сите социјални елементи на нормално функционирање во ионака ненормална државна и политичка ситуација. Сите можни хендикепи и ограничувања на едно место, а сето тоа заедно со безработица, економска криза, очајност и депресија. Се растурија многу бракови, многу луѓе умреа пред враме, а капак на се, нема ниту еден милиграм надеж дека ке биде подобро. Никој не е среќен. Па дури ни тие што имаат пари. Тие ја купуваат лажната среќа со пари, лечејки си ги комплексите со еден перфиден чалам демек ‘‘види јас успеав во животот’’. Искомплексирани мајмуни. Тие што се успешни и среќни си ќутат. Уплашени, каде оди сево ова. Парите не се среќа, парите се само средство за задоволување на животните потреби. А како да задоволиш душа!? Е, тоа е кај нас прашање од милион долари. Живееме во еден убаво маскиран  ќенеф. Да! Ќенеф! Па дури и во ќенефот има правила на однесување. Затвори врата, пази да не се лизнеш на даските, па да чучнеш, па да фрлиш вода! Да оставиш чисто позади себе. Не! Ние и во тој ќенеф се однесуваме како ‘‘ќенефчии‘‘ а не како луѓе. И психички, и физички, и како општество. Кога зборуваме веќе за ќенефот, да не зборуваме за општествената и социјална хигиена, тука не сме само кенефчии. Тука сме и самите лајна што плива во ќенефот. И што е најстрашно, си уживаме пливајки во гомната. Тука сме како дома. Нејсе. Народот се поремети. Ако гледаме од традиционалистички аспект, постои ред за се. За дома, за фамилија, за на улица, за држава! Тоа е формула во која ако на еден елемент се поремети нешто, како во едно кесе кога ке се стават цреши, една ако има црвии ако е расипана, отидоа сите. Сликата на општеството во кое живееме стана едно искривено огледало на времето во кое по сите правила би требало да живееме подобро од вчера, а полошо од утре. Ајде да ја анализираме формулата која е ланец на целиот амбиент на живеење.

Кога збориме за ‘‘дома‘‘, зборуваме за едно време во кое постои рекорден број на разводи и упропастени бракови. Од тука започнува се. Елементарното воспитување доживува дебакл. Децата покрај тоа што наместо родителите ги воспитува “Google”, дома се сведоци на несреќни и незадоволни родители, кои се борат егзистенционално и воопшто социјално. Они гледаат само едно решение. Тоа е – како да направат пари. Не реков да заработат, затоа што пари се заработуваат во здрави општества преку работа и ангажирање. Во прашање е како да ‘‘направат‘‘ пари. Така, тие се соочуваат со тешка социопатија која вели дека парите се во нај голем дел ( 99%) кај криминогените елементи. И така, кога младината влегува во филмот дека се е во парите, пронаоѓаат свои идоли во криминалци, развратници, псеудо господа и во се нешто што по системот на ‘‘транзициски филм во демократско општество‘‘ носи како социопатија свои опашки. Исфрустрираните родители немаат аргументи за своето лузерство, секој втор пронаоѓа утеха во зависности, бракот станува ‘‘про форма друштво‘‘ во кое секој е препуштен сам на себе! Битно е да има на маса ‘‘барем граф за дојди дома, јади, бегај‘‘! Улицата станува џунгла во која се наметнуваат прости филозофии на успех. Еден од најтрагичните филозофии е онаа со која најголем дел од стоката по улици се води. Проста е а вели, ‘‘ ако не сум по паметен, по богат сум, ако не сум по богат, по јак сум‘‘! А ако не сум ниту едно од наведеното, доволно сум луд за да ти напакостам да ме памтиш цел живот. Оној дел од луѓето кои не се милитантни и кои се повлечени, мирни и колку толку еснафи, за жал молчат, вртат ‘‘теспих‘‘ и му се молат на Аллах. Тој остана последната инстанца од која се чека помош, милост и надеж. А најмногу душевен мир.

И така, додека ја анализираме формулата ‘‘дома, фамилија, улица, држава‘‘, доаѓаме до улицата. На таа иста улица на која додека оди народот гледа по земја, носот му е наведнат кон кондурите. Со дигната глава се само оние со скапи џипови и со коли кои вредат колку цел еден животен проблем на едно просечно семејство кое живее од плата. Ако живее! Што очекувате на улица во мафијашка држава!?. Закон на послиниот, побогатиот и по влијателниот. Растурени домови и фамилии немаат здрав човек да испратат на улица. Ако од дома излага сакат човек, улицата е крива колку и да е права. Една народна приказна вели дека ако излезеш од дома како што треба, ништо не може да те сруши на улица, но ако од дома излезеш ‘‘срушен‘‘, на улица не може никој да те подигне. Скопските улици претрпеа неколку промени одеднаш. Миграцијата село-град донесе преку ноќ многу чобани со многу пари, но го донесе и селото заедно со нив. Донесе насилие, бруталност. Го уништи реалниот урбан систем на вредности. Го уништи поимот ‘‘ господин човек‘‘. Владее ‘‘Texas‘‘ по улиците, поготово што огромен дел од народната маса е полу урбана, криминогена, а капак на се со само една цел а тоа е етаблирање во градот. По секоја цена. Културата е на ниво на Бангладеш, со елементи на мирис на скапи парфеми, златни ланци и набилдани бицепси. Нарко дилерите сметаа дека само туѓи деца може да се трујат. Се додека не почна да се трујат и сопствените деца. Тоа е бумеранг. Нашмркани млади деца немаат критериум за ништо. Деструкција до максимум. Владее дрога, секс, криминал и тотален распад на системот на вредности. Остана само Аллах! Но, тој остана само за оние кои навистина веруваат во него! И што не го изневеруваат. А, тие се реално и за жал, многу малку! Се останато е само филм!

ОООЏЕМААТ! Носи се у три пичке материне! Тоа што јас дигам раце од вас не е страшно. Кој сум па јас!  Гледај да не дигне Аллах/Господ раце од тебе! Е,..! Тек тогаш ‘‘Ja ke qiu gomarin ne byth‘‘! СИКТЕР ДОМА ЈЕБО ТЕ МОЈ ДАЈЏА!

П.С. Апсолутен респект кон прави верници и постари луѓе!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)