петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

О НАРОДЕ, О ЛЕПОТО МОЈА УКАКАНА

Државата е во прашање. Народот. Лебот! Да,.. лебот! Ако не се случи некоја нова политичка сила под итно, црно и се пишува на Македонија. Во спротивно, ке се удавиме во сопствените лајна многу скоро, политичкиот естаблишмент и понатаму ќе глуми политика на 21-от век, народот со скинати гаки ке гладува, а нас ке не води секој освен ние самите. И така еден ден ќори и сакати, гладни на клоца ке не внесат во Европа, ама не зашто заслужуваме, туку затоа што ‘‘нив ќе им требаме‘‘ ради гео-политичка рамнотежа

 

Од Агим ЈОНУЗ

Не сум член на ниту една политичка партија.Можам да си лајам како куче на месечина. Така да, моите критики и анализи се свртени кон политичкиот етаблишмент во целина, а не кон некоја конкретна партија. Чудна работа, ниту една албанска партија никогаш  ме нема покането да бидам нејзин член. Зошто не знам! А, сум советувал, сум обучувал и сум им помагал на денешни видни политичари кои не сакам да ги именувам.Албанци! Башка Македонци. Сум ги учел како се врзува кравата.  Ма, не е ни битно. Така требало. Јас сум за нив ‘‘Каур‘‘, зошто не знам да зборам литературно и добро албански. Ќафир! А, они се ‘‘ големи и угледни Албанци‘‘! На темелот на таа ‘‘голема албанштина, си ги обезбедија семејствата за две генерации, и сега веќе не се големи Албанци туку се ‘‘Пацифисти‘‘, миротворци, и ‘‘елита‘‘. Еве ајде да не биде дека критикувам некого, ке испадне дека ми е криво. За моја среќа јас многу добро знам и кој сум и што сум и каде ми е местото. Додуша по малку и ми е криво, ама не за друго, туку што и јас не си обезбедив две генерации. Искрено. Тргнам од себе си. Кога оваа држава дозволи да бидам јас како  чаирски клошар аналитичар, јавна личност, мудрец, државата отиде тоталка у аут. Е, сега откога за себе си можам тоа да го кажам, можам и да кажам мислење во поширок радиус. Ова е време во кое секој бели мајмун што завршил сосема споредна струка, ( како завршил башка муабет)  изиграва експерт за Евро интеграции, за лингвистика, за историја, за се! Ај што завршил споредна струка, туку пораснал во средина на паланка во која сметал дека Скопје е некаде во друг свет. Нејсе. Тој сега фигуративно стои барабар со Ангела Меркел у група на сликање по делегации.  Хитлер се превртува у гроб гарантирано. А богами и има зашто да се врти. Мала дигресија. Ако тој сакаше да ја воздигне ариевската класа над се, само да укажам на обсервацијата дека денес во Германија најголемиот дел од популацијата му се граѓани со црни очи, со темна коса, полуниски, набиени, со кожа која како да е подсунчана. Е па, гастарбајтерите работеле у три смени очигледно. ‘‘Мала Шала, де‘‘! И тоа е работа. Мислите лесно е!

Нејсе, темата на колумнава е сосема друга. Пак ке се вратам на своето размислување кое овдека е јавно, и ке подсетам дека сум свесен во последно време дека цело време нешто негативно коментирам и критикувам. Точно! А, еве зошто е тоа така! Мене апсолутно не ме интересира дали ние ке влеземе во Европа за два дена или за дваесет години. Не ми мења ништо.  Мене како граѓанин на ова држава ме интересира квалитетот на мојот живот и на моите сограѓани денес, а и во периодот додека не ставиме европски бајрак пред собрание. Имаме неспособна власт да се одржи самата себе си и сопствената држава, но битно е дека имаме филозофи кои може да се справат со европските предизвници. Тука лежи една страшно иронична приказна која вели дека токму евро интегративните процеси во меѓувреме им помагаат на политичарите да опстанат на власт употребувајки го амбиентот на ‘‘ ние те водиме во Европа‘‘. Поделена на сите можни нивоа, ситуацијата во актуелниот момент е еден калеидоскоп на идиотизам, на иронија, на лага, на сурова стварност која вели дека имаш гладен народ кој како мало дете плаче на среде соба, а ти немајки да му дадеш леб да јаде му замачкуваш очи со ветувањето дека после ке го носиш ‘‘кај љуљашките‘‘ за да престане да плаче. Актуелната ситуација е трагикомично смешна. Ниту имаш по трула држава на сред балканот, ниту по не перспективна ситуација во доменот на општественото организирање, ниту пак по плодна почва за трули политичари да замајаваат народ со приказни дека сега ако не ги слушаме нив, нема никогаш да влеземе во Eвропа! Ајде да ја анализираме таа парадоксална ситуација. Иако имаме само еден избор, а тоа е приклучување кон Европа или исчезнување, ние само галамиме дека сме спремни, дека нешто правиме и дека реално нивото на општата свест и подготвеност е на адекватно ниво. Во меѓувреме, со капацитетот на акалот и генерално на квалитетот сме далеку од потребното.Имаме одличен простор и чисто небо да ‘‘летаме во место‘‘ со истата политичка инфраструктура од прости причини. Трагично е, ама опозицијата има материјал да замајава народ со ‘‘ ние не сме предавници‘‘ пред маса која освен да извика ‘‘Меќедоњааа‘‘ не нае ништо друго, ама таа маса е во минимум бројност од триста иљади перманентно која како гласачко тело може да расипа секаква комбинаторика во однос на прогрес кон интеграциите. А, ве меѓувреме дали редовни или не, ќе има избори. Замисли што ке се случи ако се преземе власта. Се одново, или пак тотално рушење на концептот и одолговлекување, резили, рушење ионака полуизградени процеси. Господ на помош со реториката и со претставената политика која е во сите домени контра продуктивна. Од друга страна, опозицијата се уште не дала отчет за многу прашања од типот на ‘‘ где су паре Пантиќу‘‘! На нив хаосот им одговара максимално за да се дефокусира се од една нај обична одговорност по прашањето на нерасчистените сметки уште од периодот на ‘‘Скопје 2014‘‘! А башка што се јадело пиело и онаквело после тоа. Они воопшто не се глупави. Заат дека ако почне да се внесува ред и да се отвараат тефтерите кој јадел кој пиел, наебале како жути мрави. А не е само тоа, опозицијата од времето на Гоце Делчев наваму опстојува исклучиво врз основи на популизам и светоста на Македонија која тој истиот македонски народ ја изнебитува повеќе отколку турците, германците и бугарите заедно. Со што!? Со својата несериозност, несплотеност и разединетост на сите нивоа. И тајните сметки во ‘‘чекмеџето‘‘! Ти текнуе!? Периодов пред нас е сеуште фантастична подлога за играње на ‘‘три кибритчиња‘‘ со народот во смисла на ‘‘само ние сме чувари на Македонија. А, народ голта удица и вика ‘‘за Маќедоњаааааа‘‘!! Не знаеш кој е луд, кој е збунет а кој нормален.

СДСМ има сериозен проблем. Тотално зависна од тоа дали Али Ахмети насабајле станува на лева или на десна нога, стои пред неколкукратен предизвик. А, проблеми до гуша. Веќе со постоечка внатрепартиска криза, како носител на власта се соочува со решавање на социо-економските проблеми во државата  кои се доведени до вжештување, со гладен и очаен народ кој вика ‘‘ а бе дај леб, не ни давај прикаски‘‘, со етикета дека е предавник на македонскиот народ, со неможност да се справи со албанците за да функционира самостојно или барем да ги спроведува нештата без да му баци рака на Али Ахмети. Проблеми ‘‘кол‘ко хочеш‘‘! Меѓутоа, има среќа во нешто друго. Со оглед на тоа дека во евроинтегративните процеси е единствен соговорник на политичката маса со Европа како позиција и носител на власта, има материјал, причина и поддршка да остане на власт со сигурност барем до следните регуларни парламентарни избори, на кои богами, сериоано ќе треба да размисли дали опозициониот дел од популацијата нема да се сплоти за да ги бутне. СДСМ сосема изводливо, не реков и потребно, може да добие шут карта на следните избори. Секако тука има и една сериозна финта, а тоа се вика ‘‘ ако дозволи Калето‘‘. СДСМ е помалото зло во очите на меѓународната политичка сцена. Немојте да мислите дека се обожавани, ама, велат  подобро со нив да играме, отколку со ВМРО кој може да ја укака ситуацијата.

Али Ахмети е шампион кој ‘‘си дупи кого сака и како сака‘‘. Му се може бе! Така се наредиле коцките, или поточно, ако Македонците не знаат сами да ги редат коцките, Али ке им ги мести па сеа право или криво, тоа ти е! Албанците мува не ги лази. За нив прашањето на името и јазикот е повеќе техничко отколку емотивно прашање. Соочете се со реалноста. Се друго се приказни за мали деца. Конструктивноста во градењето на системот и евроинтеграциите е максимална од албанските партии, ама дали треба некому да цртаме дека ‘‘ не смее поинаку да биде‘‘ ! Аа..?! Тој на Кале вика ‘‘ сус бе! Има да играш како ја певам, оо ти‘‘ ! Ама, ако! Битно е тоа што сепак се работи тимски, се граба напред кон Европа и секој на својата позиција во фудбалскиот тим ‘‘ФК Македонија‘‘ се обидува да истрча квалитетни девеесет минути. Не може никој да му го оспори трудот на Бујар Османи и останатите албански членови на екипата која преговара, договара, прави триста ‘‘ шуш-бушови‘‘ со Европа и се обидува навистина да направи државен чекор напред. Малите политички партии неа, се,. И ке останат она што се цело време! Политички стаорци кои за опстанок на политичката сцена ке лајат цело време како им се свиѓа за да на крај сепак гласаат како што ќе треба, само да се оди напред кон Европа. Нивниот најголем профит ќе биде повторно на парламентарните избори, на кои ке си ја одиграат најдобро уиграната комбинација на условување на победникот на изборите, за да имаат мнозинство во парламентот. Чиста математика. ‘‘Пацови‘‘!

И ако некој ме праша што е поентата на колумнава по се изгледа ќе треба да му нацртам. Еве, ајде да цртам! Со оваква политичка сцена, дали во периодот во кој влегуваме имаме слика на сериозна држава!? Влегуваме во период во кој по сите основи на Европа и светот треба да му покажеме сериозност, сплотеност, организираност и доследност? Нема друга фраза освен ‘‘куров мој‘‘!!! Па уредникот на колумната нека брише ако сака! Тоа е мое авторско право така да се изразам! Нешто мора под итно да се менува на политичката сцена. Дали некој мисли дека ке влеземе во скриниг, а башка преговори со село без кучиња!? Во својата неспособност да организираат здрава држава сите се фатиле за Европа а сите знаат дека тоа нема да се случи утре. Дали ако вака продолжи државата да функционира со внатрешен политички ‘‘ башибозук‘‘ еден ден ‘‘ПР‘‘ машинеријата веќе нема да има одговор за ситуацијата во која се наоѓа социо-економскиот циркус!? Реалната ситуација е како во онаа турска изрека “Disarisi Forma,.. icerisi Sorma”, која во превод значи однадвор форма одвнатре не прашувај! Ако воопшто Македонија има реални патриоти, базирани на конститутивен а не празно национал-романтистички патриотизам, мора веднаш да поработи на едно добро ‘‘ мешање карти‘‘ на политичката сцена која не е дека ке ја претвори преку ноќ Македонјиа во Германија, ама ке има реално народот на кому да му верува и зад кого да застане. И воопшто не се во прашање евро итегративните процеси. Државата е во прашање. Народот. Лебот! Да,.. лебот! Ако не се случи некоја нова политичка сила под итно, црно и се пишува на Македонија. Во спротивно, ке се удавиме во сопствените лајна многу скоро, политичкиот естаблишмент и понатаму ќе глуми политика на 21-от век, народот со скинати гаки ке гладува, а нас ке не води секој освен ние самите. И така еден ден ќори и сакати, гладни на клоца ке не внесат во Европа, ама не зашто заслужуваме, туку затоа што ‘‘нив ќе им требаме‘‘ ради гео-политичка рамнотежа. Како Бугарија, како Романија. Таква боранија влезе у Европа од политички причини. И нам еден ден тоа ќе ни се случи. Ако, подобро така него никако! А ние сме си биле, сме и ке си останеме ‘‘говна‘‘! Па нека брише уредникот ова да видиме. Е, де! Тоа е ‘‘народски речник‘‘, нели!

ООО ЏЕМАААТ! Кажи некоја дова ( молитва),.. па може Аллах / Господ ќе помогне. Во оваква ситуација само тој ни остана. Ајде сите на глас да ве чујам па СИКТЕР ДОМА! Јебо те и Таче и Маче и Мицко и Грицко и Али и Мали…

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови