Четвртиот коњаник – смрт! Смртта е само чин. Момент во кој се дели душата со телото. Тоа сите нас не чека. Од господ е! Но! Тука не зборуваме за смртта како момент, туку за ‘‘умирањето‘‘ како феномен. Умираме на рати, секој ден. Се повеќе млади умираат пред време под притисокот на секојдневието кое тера во болести, во аномалии, во неприродни состојби и болести. Умирањето е бавно, тивко но се по присутно. Зарем ‘‘белата чума‘‘ не е умирање
Од Агим ЈОНУЗ
Библиските преданија велат дека имало некои четири фраери што јавале на коњи и го носеле крајот на светот. ‘‘Кијамет‘‘! Секој со себе носел по нешто. Едниот војна, вториот глад, третиот болест и четвртиот смрт. Да имало во тоа време интернет и медиуми, сега би броеле пет коњаника, зашто петиот би се викал дезинформираност. Нејсе. За крајот на светот многу се зборувало, а реално следејки ги трагите на светите книги, одамна се чека оној ден кога според религиозните преданија треба да излеземе пред господ да дадеме извештај за своите гревови. Тоа е од религиозен аспект. Што вели оној алтернативниот кој во секојдневието вели дека има и коњаници и моторџии а богами и разни превозни средства кои ни носат абер дека крајот на светот ни е пред нос, ама дека и во најголем дел зависи од нас самите, а не само од тие типови на коњи. Како никогаш во историјата на човештвото, се соочуваме со можноста апокалипсата да ни биде реален крај. На човештвото таа му е пред нос, а на водачите на големите сили таа им е на маса во едно коферче на кое има црвено дугме. Која иронија. Господ го создал човештвото а човекот може да го уништи.
Тотална иронија ако се водиме по господ и по книгите. Велат господ дава – господ зима, ама на крај испадна дека човекот зима. Секако овдека зборуваме за евентуална нуклеарна војна во која сите ке одиме у пичку лепу материну. Без искључок. Ако дојде до тоа. Но, тоа не значи дека полека ама сигурно, знаците кои укажуваат на тој ‘‘ кијамет‘‘ не се присутни и дека секако не одиме полека ама сигурно кон финалето наречено армагедон. Кои се јавачите на апокалипсата со своите знаци и пораки и колку во стварноста се присутни се повеќе. Светот е во фаза на ‘‘збогум памети‘‘ и на ‘‘аривидерчи цивилизацијо‘‘! Ајде да ги анализираме сите коњаници еден по еден и да го сместиме тоа под небото во Македонија, за да видиме до каде сме на патот кон крајот.
Првиот коњаник – глад! Македонија е ‘‘гладна земја‘‘, колку и да се тешиме себе си дека сепак не сме останале колку без парче леб. Арно ама, гладот не подразбира само парче леб. Најголемиот дел од населението во Македонија е под линијата на сиромаштија, што подразбира дека гладува. Во смисла не може да си ги пружи елементарните потреби кои му доликуваат на еден човек за да живее достоинствено. Живееме во држава во која за да живееш паралелно со потребите на современиот живот во дваесет и првиот век ти треба уште многу за да бидеш на некакво ‘‘ нормално’’ ниво. Значи, она што не чини ненормални во тој аспект е податокот кој вели дека социјалата ни е на дно. Од сите агли гледано, ние станавме како стаорци кој во некаков подрум јадат колку да преживеат, а попат не бираат или немаат избор што ке јадат. Гладот не се чувствува само во стомакот, туку на сите нивоа. Глад за живот, во време на мас информации и технолошки развој во кој што граѓанинот е свесен колку е длабоко во бунарот на заостанатоста, на актуелниот технолошки момент на планетата и на се што му следува и според господ и според законите на човештвото. Македонија е со фигуративен јазик речено еден тежок ‘‘ѓериз‘‘! Гладот е олицетворен во секоја пора од животот, почнувајки од храната, до секоја можна потреба. Ние сме на дното по многу прашања. Ние сме гладни. Гладни за се! Парче леб секогаш ке се најде, ама само лебот не е глад. Гладот е филозофија сама за себе.
Вториот коњаник – болест! Ако на медиумите се информира дека Македонија е една од земјите лидери во кои се користат средства за смирување, тоа треба да ни кажува нешто. Тоа значи дека сме ментално и духовно болен народ. Кое здравје очекуваш од ментално и духовно болен народ. Сите сме болни и секој на свој начин. На таков народ кога ке му се залепи и една пандемија каква што беше короната, не му треба пушка за да го истребиш. Сам народ ке си се истреби. Во здравствен систем кој е тотално дисфункционален и во кој ако немаш пари и пријатели, подобро цркни, болеста навлегува во сите клетки од човекот и само еден ден покажува потреба од ‘‘хемотерапија‘‘ кога веќе е доцна за се. Карциномот станува како епидемија на грип. Се повеќе се зголемува бројката на хроничните болести, на неизлечивите, на она што носи полека ама сигурно во смрт. Границата на старост по многу прашања на болести е сведена на историски најниско ниво. Се повеќе млади се соочуваат со болести и ситуации кои некогаш важеле за ‘‘болести на постари‘‘. Генерално, во светски рамки, пандемјата на корона покажа дека не е само оружјето средство за покосување на населението. Се јавуваат нови вируси и бактерии кои човештвото не е спремно да ги победи. Динамиката на животот разболе многу население.
Човештвото станува полека ама сигурно како една кеса со црешни, во која ако има една црвлива црешна, таа почнува внатре во кесата да ги расипува сите останати. Биолошкото оружје како едно од средствата за масовно уништување е доведено до совршенство. Се шират вештачки зарази, епидемии, пандемии, се експериментира во интерес на големите фармацеутски гиганти. Болеста станува бизнис, станува орушје, станува средство за контрола на светската популација. Македонија!? Па, во Македонија се виде како се справивме со пандемијата. Последни во се! Да бевме оставени сами на себе и сопствените можности, половина до сега ке ги ‘‘пееја Оџи и Попови‘‘. Среќа што бевме дел од светскиот ланец на контраборба против пандемијата, па сега касно или не касно. Генерално, Македонија по сите статистики е ‘‘ болна‘‘ земја. Болна е планетата!
Третиот коњаник – војна! Самиот живот и борба за опстанок се војна. Во предворјето на третата светска војна во која апокалоптичните сценарија се се почести, Македонија е во судбинска врска со геополитиката која на очиглед на светската јавност прети со употреба на нуклеарно оружје. Ние не сме воен фактор, иако сме во фамилијата на НАТО, ама со самото тоа сме истовремено вовлечени во сите војни во кои алијансата има збор, ако ништо друго како ‘‘ топовско месо‘‘! Психозата на војна иако во Македонија владее некаков мир, е многу присутна. Војната носи многу жртви, но само кога е во класична форма, за која ние барем во моментот не треба да се секираме. Иако, на балканот се е можно. На балканот сеуште има незатворени приказни во кои Македонија секако не може да биде изоставена ако некаде нешто пукне. На Косово што и да се случи, албанскиот етникум нема да остане рамнодушен и излишно е да се коментира дали би бил вовлечен во филмот наречен крвопролевање. А, ако албанскиот дел биде вовлечен, тогаш ланецот ке повлече се општ хаос во кој нема да се знае ни кој пие ни кој плаќа. Значи, се додека Македонија е дел од балканот а тоа и е вечна судбина, над Македонија ке стои мечот на војната. Во најголем дел тоа ке зависи од потребите на геополитиката во смисла дали на големити сели и требаат ‘‘ ѓурултии‘‘ на балканот или не. А реално, како што викаат во народот, ‘‘ кога на големите им тече носот од настинка, малите добиваат восполение на плуќата‘‘. Значи, се што се случува по географската карта на современиот век,… Макеонија само може да се помири со судбината дека е во војна. Ве поздрави Путин. Бајден е веќе одамна во Македонија.
Четвртиот коњаник – смрт! Смртта е само чин. Момент во кој се дели душата со телото. Тоа сите нас не чека. Од господ е! Но! Тука не зборуваме за смртта како момент, туку за ‘‘умирањето‘‘ како феномен. Умираме на рати, секој ден. Се повеќе млади умираат пред време под притисокот на секојдневието кое тера во болести, во аномалии, во неприродни состојби и болести. Умирањето е бавно, тивко но се по присутно. Зарем ‘‘белата чума‘‘ не е умирање. Умирање на една држава, на едно поднебје, на еден народ, на една стварност која под други околности би имала сосема поинаква слика. Се по присутна е синтагмата ‘‘ дали е подобар ужасен крај, или ужас без крај‘‘? Што е тоа ако не умирање. Умирање на вербата, на духот, на помислата дека животот како што тече ке ни донесе подобри моменти и еден ден се ќе биде на свое место. Умира цивилизацијата во целина на начин и форма каква што постоела. Се е комерцијализација на човекот кој станува само статистичка бројка пред која смртта е само констатација за на нечија табела во компјутер. Религијата доживува ренесанса пред очајот на човештвото кое бара спас во господ. Само тој им останува на оние кои ништо не одлучуваат, врз кои се просипани сите консеквенци на декадентниот свет кој во битка по моќ и масовна контрола умираат секој ден не свесни дека сите правци водат кон ‘‘гасење на светлото‘‘! Смртта е само момент, а она што е пострашно е умирањето како феномен. Светот умира. Умира природата, умира планетата, се води кон уништување. А што е уништувањето ако не е – смрт!
Можеби некој ке се изнасмее на се што е напишано погоре. Но, сигурен сум дека и тој што се смее е свесен дека не само што е отидено се у мајчина, туку оди уште подлабоко во распад на се што постои. Не постои човек кој не е свесен дека никогаш и ништо нема да биде како што било некогаш. Што ви кажува тоа. Тоа кажува дека ‘‘умирањето‘‘ е во длабока фаза навлезено во менталниот склоп, во духот, во се што еден човек го држи во живот, во верба, во надеж. Можеби звучи патетично, но одамна сме предупредувани од страна на научниците и експертите дека светот оди кон самоуништување. Четворицата јавачи на апокалипсата доживуваат ренесанса. Владеат на теренот. Носат се пред себе. А човекот се повеќе и повеќе оди во џамија и црква барајки помош од бога кој одамна има речено ‘‘ помогни си самиот себе си за да ти помогнам и јас‘‘! Кој кому да помогне. Се што се случува е резултат на човекот. Да! Господ дава и господ зима велат, но, крајот е близу токму поради тоа што почна ‘‘и тој ‘‘ да зима. А, зима без усул.
ООО ЏЕМААТ. Јас не сум крив што некој оџа таму во Кушкундалево рекол дека има ‘‘ кијамет‘‘. Ајде дај две-три дови, па сиктер дома да гледаш вести дали ке му текне на оној Путин да направи некоја беља па да притисне на она црвено копче. А, после не кај господ, него сите отидовме у пичку лепу материну! Со све Путин. СИКТЕР!
(Авторот е колумнист на весникот КОХА)