понеделник, март 24, 2025
8.8 C
Skopje

Џемијет, 100 години после

Емин АЗЕМИ

Идеирана како антикомунистичка партија, со верска заднина, Џемијет на многумина им предизвикуваше заблуди. Првата заблуда се случи со југословенските власти, кои му дозволија на Џемијет да функционира, затоа што мислеа дека нејзините лидери ќе се занимаваат само со верски прашања. Втората заблуда се случи тогаш кога Пашиќ формира коалиција со партијата Џемијет, со идеја дека се бори против комунизмот, преку партија која имаше верска наметка. Третата заблуда се случи наводно дека Џемијет, беше продолжение на турската политика на Балканот, конкретно на тогашниот претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Меѓутоа, дејствувањето на Џемијет на терен докажа дека не само што не беше про-турска, туку беше против многу официјални турски политики што им наштетувале на виталните национални интереси на Албанците

Пред 100 години, конкретно на 18 Декември 1919 година, во Скопје, беше формирана политичката организација наречена „Џемијети“ (Единство), полно име „Ислам Мухафаза-ил Хукук Џемијет“ (Исламска Здружение за Одбрана и Правда). Нејзин прв претседател беше избран, Неџип бег Драга, кој најпрвин беше пратеник во Османлискиот парламент, додека во 1908 година беше претседател на културниот клуб “Шкупи“. Тој подоцна ќе биде избран за пратеник и во парламентот на Кралство на СХС во Белград.
Потпретседател на Џемијет беше Шех Садудин од Тетово, додека секретар – Аќиф Блута од Нови Пазар.

Стапиците на површните констатации

Многумина кои не престанале да го анализираат архивот на оваа организација, ќе може многу бргу да падне во стапица на површна констатација дека наводно Џемијет, се занимаваше со заштита на верските интереси во тогашното население (Албанци, Турци, Бошњаци и други), но всушност религиозниот атрибут ја имаше само облеката. Инаку, Џемијет и не можеше да се регистрира, ниту пак да функционира на теренот. Кралските власти во тоа време дозволија основање на оваа организација со идеја дека таа ќе се занимава во главно со верските прашања, но подоцнежните настани го потврдија спротивното. Џемијет, во суштина, беше организација која длабоко во позадина ја градеше националната политичка битка, додека религијата ја имаше само како параван за прикривање на нејзините примарни идеи што ги имаше.

Основана само една година откако беше формирана Кралството на СХС, Џемијет дојде токму во времето кога во албанскиот простор, надвор од Лондонска Албанија, по прогласувањето независноста во 1912 година, постоеше целосен вакуум на политичко организирање. Ние сме во времето кога Албанците се наоѓаа меѓу турскиот пораз и словенскиот триумф на овие краишта, а во меѓувреме најголемо поклекнување се случи на Битката кај Куманово во 1912 година.

Временскиот контекст кога беше формиран Џемијет, се совпаѓаше со многу драматични настани што се случија веднаш после Првата светска војна, додека протегањето и влијанието на оваа организација одигра клучна улога во канализирањето на некои важни процеси што се поврзани со судбината на албанскиот народ.

Џемијет дојде после планот од 14 точки на американскиот претседател, Вудроу Вилсон, презентирани на конференцијата во Париз, неколку месеци пред и после формирањето на Комитетот “Национална одбрана на Косово” во 1 мај 1918 година.

Џемијет беше формиран четири години пред потпишувањето на Конвенцијата од Лозана (30 јануари 1923 година), иста година кога е основана и Република Турција, посебна турско-грчка спогодба, што имаше за цел размена на Грците од Анадолија со „Турците“ (тука беа вклучени и Албанците од муслиманска вероисповед од Чамерија) на Грција.

Во духот на оваа спогодба започна и подготвувањето на теренот за иселувањето на „Турците“ (читај Албанците) од нивните предедовски огништа под Кралството на СХС.

Џемијет после формирањето излезе со низа политички барања: за потполна верска автономија, за продолжување на судењата според Шеријат во граѓанските прашања, за зачувувањето на Вакафите, за „слободно и службена употреба на соодветниот мајчин јазик, на не-Србите во училиштата“ и за заштита на беговските имоти од новите аграрни реформи.
Верските објекти (џамиите и мектебите) беа главните жаришта каде се одвиваше активноста за подигнување на националната свест на населението, затоа што само во оваа камуфлирана форма можеше да се дејствува непречено. Џемијет беше продолжение на политичките и националните обиди на Албанците после потчинувањето што се случи со остатокот од албанските територии после прогласувањето на независноста на Албанија во 1912 година. Неколку години подоцна, политичкото и военото организирање на Албанците започна да ги добие неговите организациони контури, најпрвин со формирање на Комитетот “Национална одбрана на Косово”, кој ги имаше три форми на организирање: Дипломатска активност (што го спроведуваше Хасан Приштина), вооружениот отпор, преку движењето на Качаците и политичкото организирање, што резултираше со формирање на легална политичка организација – Џемијети.

Во неповолни политички и социјални услови, Џемијет успеа да го сочува својот континуитет на дејствување до 1925 година, кога беше прекината неговата активност после бруталната интервенција на југословенските власти и после апсењето на водачите на Џемијет.
Меѓутоа, иако во тешки околности, оваа политичка организација успеа да се факторизира во тогашната плуралистичка сцена, формирајќи коалиција со Радикалната партија на премиерот Никола Пашиќ, во 1923 година, кој беше принуден да направи политички сојуз со Џемијет и против неговата желба, затоа што негов ривал беше Српската демократска партија, со која имаа големи идеолошки и политички несогласувања. После согласноста на водачите на Џемијет за формирање на коалиција со српските радикали, се криеше нивната намера, некои одредени програмски цели да ги направат дел од официјалната политика на Белград, што вклучуваат во следново: отворање на албански училишта, стопирање на колонизацијата и на аграрната реформа, враќање на неправедно одземен имот, итн.

Националните барања на Џемијет го иритирале Белград

Меѓутоа, односите на пратениците на Џемијет подоцна се влошија, како последица на неуспехот на радикалите на Пашиќ и тоа беше доволно тие да бараат нови сојузници, најпрвин кокетирајќи со Народната Хрватска селанска партија, која беше најголема политичка сила што се спротивставуваше на централната политика на Белград во 1924 година. Истата година, Пашиќ го испрати својот најверен човек, Пуниша Рачиќ, на Косово за да се сретне со локалните српски претставници, како и да ги подготви предусловите за обструкцијска и заплашувачка кампања, со цел да се уништува партијата Џемијет во овој регион. Во јануари 1925 година, два месеци пред општите избори, беше уапсен Ферат Драга, заедно со другите истакнати активисти, вклучувајќи ги и новинарите на списанието на Џемијет „Хак“, во пресрет на изборите.

Како последица на тоа Ферат Драга беше осуден на 20 години затвор. Подоцна беше ослободен од затвор и беше поканет во Белград да направи политичка спогодба со Пашиќ; но ништо не излезе од таа спогодба, така што во пресрет на новите избори во 1927 година, тој повторно беше затворен и осуден уште еднаш со 20 години затвор. Партијата Џемијет беше ослабена од овој напад, како и од внатрешните поделби, се распадна и престана да постои како политичка сила. Списанието „Хак“ престана да се објавува; беа уапсени и неколку други лидери на оваа партија, додека еден од истакнатите интелектуалци од тоа време, Назим Гафури, беше убиен во мај 1927 година, веројатно затоа што тој јавно ги критикуваше методите за заплашување, што беа применети за време на локалните избори од Српски власти.

За да ги нападнат, не само лидерите, туку и верската инфраструктура, југословенската влада во 1925 година ја урна џамијата Бурмали и на нејзино место го изгради офицерскиот Дом, во чие инаугурирање бил и самиот крал, Александар Караѓорѓевиќ.

Џемијет, како заблуда за неинформираните

Идеирана како антикомунистичка партија, со верска заднина, Џемијет на многумина им предизвикуваше заблуди. Првата заблуда се случи со југословенските власти, кои му дозволија на Џемијет да функционира, бидејќи сметаа дека нејзините водачи ќе се занимаваат само со верски прашања.

Втората заблуда се случи кога Пашиќ формира коалиција со Џемијет, со идеја дека се бори против комунизмот, преку партија што имаше верска наметка.
Третата заблуда се случи наводно дека Џемијет беше продолжение на турската политика на Балканот, конкретно на тогашниот претседател на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Меѓутоа,областа на дејствувањето на терен на Џемијет докажа дека не само што не беше про-турска, туку беше против многу официјални турски политики што му наштетувале на виталните национални интереси на Албанците.

Како организација што ја спречуваше колонизацијата, аграрната реформа и миграцијата на Албанците во Турција, партијата Џемијет ќе остане еден од најзначајните километарски камени на тешкото патување на Албанците за да обезбедат повеќе достоинство и просперитет над освојувачките аспирации на другите.

Самиот начин како заврши Џемијет и суровата одмазда која беше предизвикана врз нејзините лидери од страна на властите на Белград, зборува за карактерот на оваа организација, која во суштина беше основана за да ја зачува националната срж на Албанците во годините на словенскиот самрак (мугри) меѓу двете светски војни.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови