„Google“ наскоро ќе овозможи снимање на разговори?

10

„Google“ наскоро би можел да им овозможи на корисниците снимање на разговори во рамки на „Google Phone“ апликацијата.

Ова го откриваат податоците до кои дошол сајтот „9to5Google“, како и тестовите на „XDA Developers“ сајтот.

Најновата верзија од оваа апликација вклучува и код кој покажува не само постоење на споменатите функции, туку и како тие можат да бидат вметнати, а да тоа биде во рамките на законот. Покрај тоа, можеби ќе биде овозможена и транскрипција на повиците.

Како што сугерира „XDA Developers“,„Google Phone“ апликацијата ќе има тастер за снимање на повиците за време на било кој телефонски повик, откако функцијата ќе биде имплементирана.

Со притискање на тастерот започнува снимањето, а тоа најверојатно ќе покренува и „одрекување од одговорност“ кое вербално ќе ги извести двете страни дека разговорот се снима.

Овие функции се уште се во фаза на тестирање и не се имплементирани. Тоа значи дека во иднина би можело да се појават во верзии од „Google Phone“ апликацијата но постои можност и дека тоа нема да се случи.