„Halkidikinews“: 22-годишен Македонец загина во сообраќајка во Грција

15

22-годишно момче од Македонија загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 06.30 часот по локално време во Грција во областа Халкидики, објави грчкиот портал, „Halkidikinews“.

Уште едно 21-годишно момче, негов сопатник, е повредено во сообраќајката, која се случила на патот од Полихроно кон Ханиоти и тоа било пренесено во болница. Порталот пишува дека починатото момче било од Скопје дојдено на летување во Грција. Неговото возило од се уште неразјаснети причини излетало од патот и се превртело.