IKEA инвестира 200 милиони евра во борба против климатските промени

7

Компанијата IKEA најави дека ќе инвестира околу 200 милиони евра за поддршка на своите добавувачи да преминат на обновлива енергија.

Најголемиот производител на мебел во светот велат дека планираат да инвестираат уште околу 100 милиони евра во проект кој ќе го отстрани јаглеродот од атмосферата преку пошумување и заштита на шумите.

Велат дека новата инвестиција ќе биде дел од планот кој ќе помогне IKEA да стане климатски позитивна. Ова значи дека целта е да се намали ефектот на стаклена градина до 2030 година, пренесува Reuters.

Овој план би опфатил околу 1000 добавувачи, а IKEA сама произведува околу 10 проценти од своите производи.

Во септември, групацијата INGKA, која е сопственик на поголемиот дел на IKEA продавниците, вети дека ќе се обиде да ја исполни својата цел да произведува повеќе обновлива енергија отколку што троши до крајот на 2020 година, па дури и да го стори тоа порано од очекуваното.

Повеќе од 400 компании, вклучително H&M, Coca-Cola, Soni и IKEA, се обврзаа на иницијатива поддржана од Обединетите нации – да го намалат глобалното затоплување под два Целзиусови степени.