iPhone 11 продолжува да ја следи локацијата на корисниците и покрај исклучување на пристапот за сите сервиси

9

Apple е компанија која посебно сака да истакне дека се грижи за приватноста на своите корисници. Тие истакнуваат дека не собираат никакви информации за корисниците, а посебно поради тоа што тие не заработуваат од реклами, алудирајќи на својот конкурент Google.

Сепак, работите не се баш такви како што сакаат да ги претстават од компанијата. Безбедносниот истражувач Брајан Кребс има забележано дека неговиот iPhone 11 Pro продолжува да ја следи неговата локација и покрај тоа што тој го има исклучено пристапот до локацијата на уредот за сите достапни апликации и сервиси достапни во листата во Settings.

Во видеото во продолжение тој покажува како го исклучува пристапот до сервисите за локација на сите сервиси и апликации, но не го исклучува генерално сервисот за локација, по што повторно ја гледа иконата која се појавува на горната лента кога уредот ја следи локацијата.