Koронавирусот се врати во Ломбардија

12

Koронавирусот се врати во италијанскиот регион, Ломбардија.

За 24 часа, во земјата се регистрирани 239 нови случаи на коронавирус, а осум лица починаа.

Сите од нив се од Ломбардија, која беше епицентар на заразата.

Вкупно 6.916.765 лица се тестирани од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Сега на целата територија на Италија има 12.456 позитивни лица.

Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана потпишал уредба со која обврската за носење маски во затворени простории ќе биде продолжена до 10 септември.

Маска ќе мора да се носи и на отворено доколку не е возможно да се запази одредени дистанца меѓу луѓето.

Во Италија од почетокот на кризата од последиците на тој вирус починале повеќе од 35.000 луѓе, од кои скоро половина се во Ломбардија.