Koj ќе седне во новото македонско Собрание?

46

Некои се веќе целосно сигурни дека ќе седнат во пратеничките столчиња, каде во следните четири години ќе гласаат закони и доколку добро си ја вршат работата, ќе бидат коректив на извршната власт. Јавноста се надева дека нема да бидат само послушна гласачка машинерија која слепо ќе ги почитува директивите од партиските естаблишменти, туку ќе мислат со своја глава и ќе се борат за доброто на граѓаните. Доколку нивните партии опстојат на ветувањата, ќе им ги скратат бенефициите кои досега наголемо ги уживаа, како што се патните трошоци од кои инкасираа илјадници евра.

Има и такви, пак, кои онака како што ДИК ги изброја пратеничките мандати, не се најдоа на добитните места на партиските листи, но уште имаат надеж дека ќе влезат како пратеници во законодавниот дом. Ова од причина што доколку нвната партија формира Влада, оние што се на првите места ќе станат министри, или можеби директори на некои државни институции и акционерски друштва, па тие по автоматизам ќе дојдат на нивните места како пратенции во Собранието. Или, доколку некој пред нив се откаже од пратеничкиот мандат, што е многу тешко за верување.

Фактор анализираше кој ќе влезе сигурно во Собранието, акој има недеж дека сепак, ќе се протне во пратеничките клупи.

ЕДИНИЦАТА СО ПОЗНАТИ, НО И НОВИ ИМИЊА

Во Изборната единица Еден, каде што коалиијата Можеме освои осум мандати, како пратеници влегуваат Никола Димитров, министер за надворешни работи во сегашната Влада, како и неговите досегашни колеги од Илинденска, вицепремиерката Мила Царовска, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Она што е многу очекувано, е дека доколку СДСМ и Коалицијата Можеме ја формираат новата влада, тие повторно ќе добијат министерски места во извршната власт, што значи дека нема да бидат народни избраници во законодавниот дом.

Затоа, ако не добијат некои функции во извршната власт, во Собранието од единицата ќе влезат Моника Зајкова, млад кадар од редовите на ЛДП, како и Дарко Каевски, сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој можеби и нема да биде пратеник, доколку му биде дадена шанса повторно да раководи со оваа институција, или, пак, ако биде поставен на друга позиција.

Во пратеничките клупи во единицата влегуваат и Горан Мисовски од НСДП, досегашен потпретседател на Собранието и долгогодишен и искусен пратеник и во претходните неколку парламентарни состави. Влегуваат и Кастриот Реџепи од Беса, како и Георгиевска Марија од СДСМ.

Со оглед на можното одење во Влада на некои од нивните претходници, од СДСМ како пратеници ќе влезат и Мирослав Богдановски, Снежана Калевска-Ванчева, како и Диме Велковски, досегашен пратеник на СДСМ во парламентот. Дали и оние што се после него на листата ќе имаат среќа да влезат во Собрание, ќе зависи кој од претходниците ќе замине на извршна функција.

Од ВМРО ДПМНЕ, која во единицата освои седум места, во пратеничките клупи влегува носителката на листата, професорката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со нејзиниот колега од правниот факултет, Тимчо Муцунски. Пратенички места добиваат и Синиша Стојаноски, како и Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Од редовите на оваа коалиција Обнова, пратеник повторно ќе биде социјалистот Љупчо Димовски, кој беше осомничен за настаните од 27 април, но не се докажа неговото учество во овие инциденти. Пратеник ќе биде и Љупчо Пренџов, долгогодишен партиски активист на ГРОМ на Стевчо Јакимовски, како и Велика Стојкова-Серафимовска.

Иако тоа е помалку извесно, во случај Влада да формира ВМРО-ДПМНЕ, и доколку некој од претходниве седуммина добие министерко или друго место во извршната власт, шанси да седнат на пратеничките столчиња ќе имаат Тони Јаревски, како и Сафет Бишевац, за кого деветтото место на листата на ВМРО-ДПМНЕ се покажа како недобитно.

Од ДУИ која има во единицата два мандати, влегуваат поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, како и Арбен Зибери, доскорешниот директор на Институтот за јавно здравје, кој беше сменет од министерот Филипче поради спорна политичка објава на фејсбук. Ако овие двајца добијат места во Владата, на нивно место надеж да дојдат имаат Шермин Мамут, како и Мерсут Јакупи.

И Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат по две места и ги добиваат Скендер Реџепи и Абдула Салиу.

И, од едниницата влегува можеби еден од најконтроверзните политички ликови, првиот човек на Левица, Димитар Апасиев, чии политички вординг редовно предизвикува бура од реакции, а истото важи и деновиве за неговата добитна позиција во Собранието. Ако тој по некоја игра на можности добие место во извршнта власт, мали шанси да дојде на негово место би имал Гораст Муратовски, втор на листата од таа партија во единицата.

Одиме по истите претпоставки за следните изборни едниници.

КОМУ ДВОЈКАТА МУ ОБЕЗБЕДИ ПРАТЕНИЧКО СТОЛЧЕ

Во двојката од СДСМ добитни позиции имаат досегашниот технички премиер и дотогашен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, пратеникот Мухамед Зеќири, Даниела Маркоска, како и Мартин Костовски, сегашен директор на Службен весник.

Во Собраниеот од оваа коалиција сигурно влегува Љатифе Шиковска, активистка за човекови права, како и Бастри Бајрами од БЕСА, поранешен градоначалник на Арачиново. Со оглед што многумина од претходниците ќе влезат во извршната власт, пратеник може да стане и Славјанка Петровска, сегашна дополнителна заменичка во МВР, која често се спротивставуваше на потезите на техничкиот министер Наќе Чулев, а за која не е исклучено и самата да добие повисока функција во Владата, како и Мирослав Јовановиќ.

Од ВМРО ДПМНЕ влегуваат потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, една од најекспонираните нови фигури во партијата, која беше сменета од министерска позиција заради стоење пред табла со името Македонија, и која во кампањата настапуваше со силни национални мотиви, како и Бране Петрушевски. Добитно место си имаше обезбедено и Иван Стољковиќ од Демократската партија на Србите, кој можеби заборавил како е да не се биде пратеник, бидејќи е од 2002 година во Собранието.

Од оваа единица влегуваат и Жаклина Пешевска, Дарко Костовски, Бојан Стојаноски, како сигурни пратеници, и сосема малку надеж имаат Зоран Коцевски и Емилија Ангелова, само доколку нивната ВМРО-ДПМНЕ евентуално формира влада, па некој пред нив да влезе во извршната власт.

Министерот за образование Арбер Адеми е сигурен од ДУИ, иако може да се очекува дека пак ќе биде министер, а после него на пратеничката листа се Берат Ајдари, Мерита Колчи-Коџаџику. Во категоријата на надежни влегуваат Харун Реџепи, и можеби Ќамил Сулејмани.

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива во двојката сигурен е првиот човек на Алтернатива Африм Гаши, кко и Ељми Азири и Шафие Садику-Шаини, а сосема мали надежи имаат и Бујари Абази и Џезми Нухи.

ЗА КОГО БЕШЕ ДОБИТНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА ТРИ

Во Тројката, каде Можеме на СДСМ има девет места, сигурни се партискиот генерален секретар и човек од доверба на партијата Љупчо Николовски, но за кога исто така е за очекување дека може да биде и министер. По него е и досегашната пратеничка и лекарка, Јагода Шахпаска, како и Сашко Николов, Маја Морачанин од ДОМ, Ненад Коциќ, како и Соња Михаиловска.

Некогашниот министер во Владата на Љупчо Георгиевски, како и поранешен пратеник, Љупчо Балковски, кој е од ВМРО-Народна која е коалициски партнер на СДСМ, исто така ќе биде пратеник, заедно со Марија Ангелова, како и пензионираниот генерал Илија Николовски. Иако засега не се добитни, голема надеж да влезе како пратеник има и за Зеќир Рамчилович, кој беше еден од пратениците од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени за името, но потоа ја напушти, а извесни шанси има и Мухамет Кадриов.

Од ВМРО-ДПМНЕ во Тројката добитни се десет места, и тоа партискиот генерален секретар Игор Јанушев, а следуваат и Иван Јорднов, Благица Ласовска, како и професорката Иванка Василевска, која во поново време се наметна како една од перјаниците на ВМРО-ДПМНЕ и често држеше партиски прес конференции. Влегуваат и Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, пратеникот и координатор на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, како и Даниела Христова и Марија Петрушева.

Она што е интересно е што во добитните места во тројката не влегоа Драган Ковачки, полковник од АРМ кого ВМРО-ДПМНЕ првично го предложи да биде технички министер за внатрешни работи, како и Јохан Тарчуловски, некогашен хашки осуденик, кој беше обвинет и за настаните од 27 април, но потоа беше амнестиран, иако не гласаше за промена на името.

Како пратеник од трета изборна единица ќе седне и уште еден пратеник од Левица, Борислав Крмов.

КОЈ СЛАВИ ОД ЧЕТВОРКАТА

Во четворката сигурни пратенички позици имаат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој доколку добие мандат да формира Влада сигурно ќе биде и идниот премиер на земјава, а по него влегуваат Соња Мираковска, Миле Талевски, како и Даниела Колева.

Од оваа изборна единица сигурно пратеничко место има за еден интересен лик, Панчо Минов од ГРОМ, кој во 2018 година ја напушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заради, како што тогаш рече, незадоволство од разрешувањето на потпретседателот на партијата, Митко Јанчев. Тој потоа го даде својот глас за многу законски решенија што беа предложени од СДСМ, а гласаше и за уставните измени. За него медиумите пишуваа дека во февруари годинава неговиот син бил вработен во Собранието, а што се случи пред гласањето на Законот за јавно обвинителство. Добитни места имаат и Марија Костадинова, партискиот портпарол и сегашен пратеник Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Коле Чаракчиев, како и Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, а сегашен коалициски партнер на СДСМ. Ако некој оди погоре, само во таков случај можат да влезат Драгица Ѓавончанова и Љубица Спасова.

Од ВМРО-ДПМНЕ во четворката сигурни се партискиот потпретседател Александар Николовски, Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелонка Петкова, Златко Пенков, Јадранка Поцкова, а не добија места Ердоган Сарач од Пртијата на Турците, како и Биљана Петрушева.

ЗА ОВИЕ ЛУЃЕ ДОНЕСЕ СРЕЌА ПЕТКАТА

Од петката од Можеме сигурно влегуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која сосема сигурно ќе добие министерска позиција. По неа е сегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески од Струга, како и Бисера Стојчевска-Костадиновска, Лазе Таневски, Бети Наумовска-Рабаџиевска, Енес Ибрахим, Боби Мојсоски и Жаклина Лазаревска. На сигурната листа на чекање веројатно е и Горан Козаров, а можеби и Самка Ибраимоски, коалиционен партнер, кој и досега беше пратеник.

Од ВМРО-ДПМНЕ пратеник сигурно станува пејачот Игор Дурловски, како и долгогодишниот пратеник Антонио Милошоски. Потоа, влегуваат и Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓоргија Сајкоски, како и Лидија Петкоска. Недобитни за малку места имаат Мирче Аџиоски и Грација Бакраческа.

Од ДУИ влегуваат досегашниот собраниски спикер Талат Џафери, сопственикот на „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, како и Арбана Пашоли. Недобитни се Јетон Шачири и Муса Ибраим.

Од Алијанса влегува сегашниот пратеник Сурија Рашиди.

КОЈ СЕ ИЗРАДУВА ОД ШЕСТА ЕДИНИЦА

И конечно, во шестката, од коалицијата Можеме влегува првиот човек на Беса кој беше носител, Биљал Касами, како и Фаница Николоска, Бејџам Иљаз, како и Фадиљ Зендели. Недобитно е за Драгољуб Филиповски и Хатие Етеми, иако не без целосни шанси.

Пратеничка ќе продолжи да биде една од ударните тупанници на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која е носителка во шестката, а влегува и Александар Вељановски.

Од ДУИ, лидерот на партијата Али Ахмети, кој и досега беше пратеник, пак влегува во Собранието. Со него пратенички места обезбедија и Фљорин Бесими, Арта Зендели Билали, Насер Нуредини, досегашен министер за екологија, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми, како и Бајрам Кадриа. Со мала надеж, но сега недобитен, е Бедри Фазли.

Од Алијанса влегува лидерот Зијадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче, како и Артина Ќазими.

И конечно, Мендух Тачи, лидерот на ДПА, си обезбеди за себе едно пратеничко место во македонскиот парламет.

Текстот е превземен од фактор.мк