Актерот на Народниот театар од Битола, Марјан Георгиевски вечер ќе настапи на Интернационален фестивал на монодрама „Verbum Est – Është Fjala“ што се одржува во албанскиот град Поградец.
Георгиевски се натпреварува со авторската претстава „Железно небо“ во конкренција со актери од Италија, САД, Косово, Албанија, Украина, Колумбија и Шпанија.
Монодрамата „Железно небо“, Георгиевски ја подготви заедно со Александар Димовски, користејќи повеќе алатки што ги овозможуваат театарот и филмот, создавајќи приказна за еден балканец, за неостварените мечти, за малограѓанштината и за соништата кои не можат да се остварат.
Дизајнот на звук и музиката ја подготви Александар Димовски, видео оператор е Владимир Переловски, а фотографија на плакат е на Сашо Илковски.



