Во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата вечер со почеток од 20 часот во кино Милениум ќе се одржи гала филмска вечер со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“.
Настанот ќе го отворат Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска актерка која живее и работи во Париз.
Филмот е во француско-белгиска копродукција, дело на Тран Ан Хунг со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел и Емануел Сaленже.
Филмот е номиниран за три Цезари во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.
Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, со поддршка на аптеките Зегин.