вторник, април 29, 2025
21.8 C
Skopje

Во Струмица вечер промоција на романот „Утре е нов ден“ од струмичанката Бранка Цветкова

Во НУЦК „Антон Панов“ струмичанката Бранка Цветкова вечерва ќе го промовира романот „Утре е нов ден“, нејзино шесто романсиерско дело.

Во 2013 година таа го објавува својот прв роман „Втора шанса“, а една година потоа „Сонот…и јавето“. Во 2015 година го објавува романот “Штрковите заминаа”- прво издание и второ издание во 2023 година, во 2019 година романот “Јавачот”- прво издание и второ издание во 2022 година , а истата година  Бранка го објавува и романот “Судбини”, додека “Утре е нов ден” е нејзин шести роман. Освен романи пишува и поезија-во 2018 година ја издава поетската книга “Немирна река”.

Романот “Утре е нов ден” е љубовна приказна која се случува на брегот на Егејското Море.

Промотори на романот се писателите Киро Донев и Ѓорги Калајџиев.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови