вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе се одржи доделување на традиционалните годишни награди за 2024 година.

Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело е Жарко Кујунџиски за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“, а добитник на наградата „Ацо Шопов“  за најдобра поетска збирка е Иван Џепароски за збирката песни „Посвети и пофалби“, во издание на „Дијалог“.

Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади ќе ја добие Иван Антоновски за книгата „Бакнежи на небото“ од во издание на „Светулка“.

Добитник на четвртата награда „Димитар Митрев“ за најдобро дело критика или есеистика е Наташа Аврамовска за „Книжевни паметници“, во издание на Институтот за македонска литература, додека добитник на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено од член на ДПМ на некој од јазиците што го зборуваат националностите во Македонија е Гордана Јовиќ Стојковска за делото „Била једном једна кућа“ („Беше еднаш една куќа“), во издание на „Слово љубве“.

Со овој настан, Друштвото на писателите ќе одбележи 78 години од своето постоење

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови