вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Започна пријавувањето групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025″ во Крива Паланка

Општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка” ги започнаа подготовките за годинашната манифестација „Сусурига 2025“ што втора година по ред ќе се одржи по повод празникот Прочка и ќе ја оживее старата градска традиција на маскирање и палење на оган за време на овој празник.

„Сусурига” ќе се одржи на 1 март 2025, на градскиот плоштад во Крива Паланка, објавен е и јавниот повик за пријавување групни маски за учество.

– Станува збор за уникатен ритуал во духот на градската традиција што минатата година во рамки на манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата” го отпочнавме и наиде на одличен прием кај публиката,кај граѓаните на Крива Паланка и учесниците од земјата и соседството. И годинава ќе се одржи ревијално дефиле под маски, со настап на специјални гости од земјава и соседството, познати по обредно изведување обичаи, а покрај забава под маски, ќе се одржи и ритуално палење оган и сѐ што е карактеристично за “Сусурига”, назив што се среќава единствено во Крива Паланка, велат од општината.

Сите заинтересирани,на возраст над 14 години, можат да го пријават своето учество на пријавата достапна на веб страната на Општина Крива Паланка,на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/40491.ид/

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови