недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Изведба на балетската претстава за деца „Доктор Офболи“

Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“.

Од НОБ информираат дека оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи. Претставата ја плени најмладата публиката со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.

Кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, музиката на Игор Морозов, а работена е според сказната на К. Чуковски Сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови