четврток, октомври 10, 2024
13.8 C
Skopje

Изложба „На работ“ во Чифте амам

Изложбата „На работ“ на авторите Гоце Наневски и Дориан Јовановиќ ќе биде отворена денеска со почеток во 20 часот во Чифте амам.

Како што информираат од Национална галерија на Република Северна Македонија, „На работ“ е ангажирана контекстуална реакција на општествено-политичкиот галиматијас кој секојдневно го живееме откако сме земја во транзиција.

– Тој се занимава и со дневнополитички прашања, но на прво место стои социолошкиот аспект, меѓучовечките односи, генетскиот код на „малиот“ или „големиот“ човек, начините на живеење, стои во соопштението.

Дел од сегментите коишто го сочинуваат проектот се видео и вокален перформанс „На работ на релативноста“, подвижните слики со социјален експеримент „Антропосфера-На работ на среќата“, видео „На работ(а)“, инсталација „На работ на нулата“, видеоперформанси и објекти „Рекет“ и „На работ на мислата“ и комплексната инсталација со видеопроекција „На работ на конструкцијата“.

– Ваквите проекти, кои инкорпорираат социолошки перспективи, изградени со вештините, префинетиот уметнички сензибилитет и духовитост/досетливост во критичноста на авторскиот тандем Наневски–Јовановиќ, побудуваат размисла, предизвикуваат перцепции и поттикнуваат општествени промени, велат од Националната галерија.

Изложбата ќе биде поставена до 27 септември, а куратор е д-р Ана Франговска, кустос советник.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови