вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Книжевен портрет на Венко Андоновски

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје денеска ќе се одржи книжевен портрет на авторот Венко Андоновски. Беседа и разговор со авторот ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска. Настанот е во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура.

Венкo Андоновски е прозаист, драматург, критичар. Професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”во Скопје. Дописен член на МАНУ. Неговиот романот „Папокот на светот“ е продаден во над 14 000, а „Вештица“ во над 8 000 примероци.

Автор е на над 30 книги од најразлични жанрови. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“, „Југра“ и Толстоева награда „Јасна полјана”.

Неговите дела се преведени на десетина јазици, меѓу кои на англиски, француски, унгарски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови