среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Концерт на џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод Светскиот ден на радиото

Џез-составот Skopje Jazz Inc. по повод одбележувањето на Светскиот ден на радиото, вечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во Скопје ќе одржи концерт со почеток во 21 часот.

Настанот е во рамките на „Денови на литературата“,  а концертот ќе се пренесува во живо на познатата фреквенција на „Џез ФМ“  – 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk, соопштија од тимот на радиото.

Skopje Jazz Inc. е македонска џез состав формиран 2018 година кој го сочинуваат Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Виктор Филиповски (тапани) и Горан Гешоски (бас-гитара).

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови