Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор меѓу министерката за култура во техничката Влада, Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменикот уметничко-научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола на нивниот состанок во Ватикан. Покрај оваа изложба, договорено е и да се овозможат услови за организирање на други изложби преку кои ќе се промовира македонската уметност.
-Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните икони изработени од македонски автори. Покрај оваа изложба, за која музејот во Ватикан покажал особен интерес, било договорено да се овозможат услови за организирање и на други изложби преку кои македонската уметност ќе се промовира како дел од европската, со своја посебност и важност., се вели во соопштението на Министерството за култура.
Костадиновска-Стојчевска го поканила директорот Спинола во Скопје за оваа соработка да продолжи со настани низ нашата држава низ кои Ватикан ќе претстави дел од својата уметничка архива.
Значењето на македонското културно наследство беше и во фокус на изложбата „Манастирите од Северна Македонија“ која е поставена токму во Ватикан, во македонската амбасада, на која преку фотографиите на Стојан Стојановски светот се запознава со средновековните манастири.
При посетата на изложбата Костадиновска- Стојчевска, ја потенцираше непроценливата вредност на нашето културно и историско наследство, како и умешноста на градителите на македонските цркви и манастири.
-Заедничките планови со Ватикан за во иднина, како и поставената изложба се потврда за добрите, и нов потег да се продлабочат 30 годишните прјателски односи кои ги имаме со Светиот Престол и преку која меѓународно ја промовираме македонската културна историја. Во таа насока беше и состанокот на министерката со хуманитарната организација на Католичката црква, „Каритас Интернационалис“. Со нив е отворена идејата да се организира настан за Мајка Тереза, преку поголем број активности во кои ќе се вклучат академската заедница и студентите, соопштија од Министерството.
Пред состаноците со официјалните претставници од Ватикан, министерката Костадиновска-Стојчевска имала работен состанок и во македонската амбасада при Светата Столица, со што официјално ја почна посетата на Рим. Со амбасадорката Марија Ефремова, покрај другите, се отвориле и прашањата околу чествувањето на 24 Мај- Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, кога нашата култура ќе има свое традиционално претставување