Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе го посети археолошкиот локалитет Баргала во Општина Карбинци и националните установи од областа на културата во Штип.
Љутков со директорите на установите и со градоначалниците на Штип и на Карбинци Иван Јорданов и Виктор Паунов ќе направи увид во актуелната состојба во областа на културата и туризмот во овој регион