сабота, јануари 25, 2025
0.8 C
Skopje

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе ја одбележи 80- годишнината на Народен театар, Битола

Македонскиот народен театар вечерва ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска, во чест на 80-години од формирањето на НУ Народен театар, Битола. Претставата ќе почне во 20 часот.

Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.

Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови