вторник, декември 3, 2024
6.8 C
Skopje

Мултимедијален проект „Капење“ на Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков во Чифте амам

Мултимедијалниот проект, насловен „Капење“, на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков денеска ќе биде отворен во Чифте амам, со почеток во 20 часот и ќе трае до 7 јануари 2024 година.

Оваа инсталација на видеа и звук, е последен проект за 2023 година на Националната галерија.

– Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудиовизуелни „козметички“ средства, велат од Националната галерија.

Оттаму, објаснуваат дека светлосно визуелниот дел содржи видеа и звук проектирани на ѕидовите, додека посетителите со своите сенки ќе дадат една непредвидлива динамика на сиот визуелен простор, кој во ниту еден случај не може да биде повторен.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови