сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Нова поетска книга од Стефан Марковски „Светлината во нашите вени“

Светлината во нашите вени“ е нова поетска збирка на Стефан Марковски, која деновиве беше објавена во издание на Современост – Скопје. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност.

За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, посочува дека во најновите песни на Марковски има удвојување на волуменот кој опфаќа најмалку две сфери, а тоа според него се реалната и метафизичката.

– На тој начин се проектира една соновна длабочина, една огледалност, сопоставување на конкретното и апстрактното, на предметот и на неговиот одблесок. Гледајте каква слика, каква сугестија, колкаво ефектно креативно решение на еден конфликт, на една нарогушена стварност во свирепата организација на светот ни нуди оваа поезија. Една воинствена состојба, една потенцијална агресија на пилите врз липите, се присмирува, се притајува, се оддалечува преку нивното повлекување во еден нереален, маѓосен предел, во одразот на огледалото. Таму нив сонето огледало ги двои. Од една страна поетската атмосфера двата субјекта ги доведува во прегратка и на тој начин ги обединува, но истовремено низ одразот на огледалото, но внимавајте, тоа исто така е повлечено од реалноста во психолошките области, значи одразот е удвоен, ги двои. Овде нашиот поет како да се потсетува, како да нè потсетува на оние илуминантни стихови од народната лирика во кои заслепително одблеснува бајковитиот свет на девојката чие огледало коњот го откопува с’ десна нога, вели Стојчески.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови

претходна статија
Следна статија
Чави: Добивме многу незаслужени критики, подготвени сме да се натпреваруваме во Европа Тренерот на Барселона, Чави Ернандез беше пресреќен поради победата на тимот над Наполи и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонците победија со 3:1 и одат напред во турнирот со вкупен резултат 4:2. – Навистина сум задоволен. Одигравме одлично и доминиравме речиси во текот на целиот натпревар. Фудбалерите дадоа максимум од себе. Горд сум на нив, изјави Чави. За Барселона ова е прво четвртфинале во Лигата на шампионите по 4 години. – Моравме да направиме чекор напред и успеавме. Сега мора да уживаме во она што го постигнавме. Добивме многу незаслужени критики, но денеска беше јасно дека сме подготвени да се натпреваруваме во Европа. Игравме добро и со и без топка. Не му дозволивме на противникот да направи брзи транзиции. Мислам дека на навивачите им се допадна тоа што го видоа, изјави Чави веднаш по мечот.