среда, јули 16, 2025
25.8 C
Skopje

Откажани денешните проекции во Милениум, киното се приклучува на штрајкот

Киното Милениум во Скопје денеска нема да работи и сите проекции ќе бидат откажани. Со оваа одлука, Градското кино се приклучува на штрајкот што за денеска го најави Синдикатот на културата на Македонија.

Вработените во културните институции штрајкуваат поради непотпишување на колективниот договор, за кој преговараат речиси две години. Штрајкот ќе трае само еден ден и е од предупредувачки карактер. Тие се незадоволни бидејќи веќе две години добиваат ветувања од Владата и Министерството за култура дека договорот ќе биде потпишан, прво до крајот на 2018, а потоа до крајот на 2019.

„Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените – носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Штрајкот е од предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања“, вели Советот на СКРМ.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови