вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Почина писателот Разме Кумбаровски

Како последица на заразата од ковид-19 синоќа почина писателот Разме Кумбаровски, поет, романсиер, есеист, критичар, преведувач, антологичар, информира Друштвото на пистатели (ДПМ).

Кумбаровски е роден на 29 март 1944 година во Струга, а член на ДПМ е од 1987 година. Автор е на збирките поезија: Зинда (1982), Воден премин (1984), Мусандра (1988), Манастир (1994), Троја (1998), Потковица и зла месечина (2003), Сон на летната ноќ (2007) и Стаклена планина (2013), на романите: Мириси кораби злато (1999), Чудесија (2002), Остров на тивките меандри (2006), Архипелаг (2010), како и на есеистичко-критичките книги: Минатата година во Енхалон (2011), По патот (2007, библиографско издание, песни и есеи). Автор е или коавтор на панорамските избори: Поетите од Струга (2002, избор, поезија – СВП), Миладиновци, (2005), Меандар (2013).

Кумбаровски бил секретар и директор на светски познатата манифестација Струшки вечери на поезијата, основач и директор на Медитеранската Академија „Браќа Миладиновци“- Струга и на Меѓународната литературна манифестација Година на есејот.

Погребот ќе се изврши во сабота, 13 ноември, во кругот на најблиското семејство.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови