среда, февруари 12, 2025
-4.2 C
Skopje

Промоција на книгата „Милчо за Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Во Кинотеката вечер ќе се одржи промоција на книгата „Милчо за Манчевски“, чиј приредувач е д-р Атанас Чупоски. Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на режисерот Милчо Манчевски.

-Книгата претставува обид да се опфатат многубројните аспекти од животот и работата на Манчевски, еден од нашите најнаградувани и во светски рамки најреномирани македонски филмски автори – почнувајќи од деновите на неговата младост поминати во родното Скопје па до денес – раниот интерес за театарот и филмот, студиите на филмска академија во САД, почетоците на филмската кариера, педагошката дејност во Њујорк, односот кон политиката и политичарите. Сето тоа, надополнето со исцрпна анализа на начинот на продукција, условите за работа, реализацијата, соработниците, режисерската експликација и филмолошката анализа, дистрибуцијата, фестивалите, успехот или неуспехот на седумте негови долгометражни играни филмови и сите останати кусометражни филмови, како и други пројави на неговата творечка личност, се вели во предговорот на Чупоски.

Промотори на изданието се проф. д-р Славица Србиновска, м-р Татјана Ќурчинска-Пепељугоска и филмскиот критичар Златко Ѓелески. Како што најавија од Кинотеката, по промоцијата ќе се одржи проекција на филмот „Прашина“, кој во 2001 година имаше чест да го отвори фестивалот во Венеција.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови