Во Салон 19:19 Културно информативниот центар – Скопје, вечер во 19:19 часот ќе биде промовирана книгата „Насекаде“ од епископот Дремвитски Давид (Нинов), во издание на „Макавеј“.
Епископот Давид е роден на 27 јули 1972 година во Скопје. Завршил средно културолошко училиште во Скопје и студирал старогрчка и латинска филологија на Институтот за класични студии при скопскиот универзитет. Дипломирал теологија на Теолошкиот факултет при државниот Аристотелов универзитет во Солун, Грција. Магистрирал (MTheol) на истиот факултет при Аристотеловиот универзитет, на Одделот за догматика, историја на философија и икуменска теологија. Ги објавил книгите: „Логиум (обраќања на неделни и празнични евангелски теми)“, „Кон познанието (белешки од догматиката)“, „Човекот поет (збирка на преводи)“, „Секој крај, нов почеток (статии и колумни)“, „Времетворење (колумни)“, «Τέχνη και Αποκάλυψη». „Надвор од границите (размислувања за личноста и системот)“, и „Уметност и откровение“. Учествувал на меѓународни симпосиони и конференции. Преведува богословски текстови од грчки јазик.
Пред заминувањето во манастир бил уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и работел во редакцијата за култура на националната телевизија. Објавил четири книги поезија, добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска поетска книга и застапуван е на повеќе јазици, во повеќе антологии поезија. Од манастирот покренува издавачка дејност и ја уредува периодиката „Успение“