четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот  „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.

Повеќенаградениот филм „Жена-Убиец / Фониса “, кој е овогодишен успех во Грција, се базира на истоименото ремек-дело на грчкиот писател Александрос Пападијамантис (1851 – 1911). Романот „Жена-Убиец / Фониса“ се однесува на мачната позиција на жената во 1900 година. Заплетот на филмот се врти околу Хадула, една измачена постара жена, на еден грчки остров, која се доведува до ситуација да убива женски новороденчиња од сиромашни семејства, бидејќи верува дека тоа ќе ги спаси и нив и нивните родители од нивното страдање.

Фестивалот е во ко-организација на Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Влезот е бесплатен.

Фестивалот на грчки филм се прикажува и во Битола, при што вечер во киното Манаки ќе биде прикажан краткиот филм „Бјути“ на Танос Либеропулос, а потоа и филмот „Невидлив“ на Димитри Атанитис. Во Битола Фестивалот ќе се затвори утре вечер, со проекција на филмовите „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос и „Не би сакал да сум непристоен, но мораме сериозно да разговараме“ на Јоргос Георгопулос.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови