недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

УНЕСКО пред одлука за статусот на Охрид

Статусот на Охридскиот регион под лупа на експерти од УНЕСКО кој до крајот на месецов треба да пристигнат во земјава за да ја испитаат состојбата дали власта ги испочитувала нивните препораки.

Експертите на ставот дека премногу е доцна да се бараат решенија во период кога постои деградација на охридското крајбрежје и екосистемот, а за што институциите затаија и потфрлија.

„ Колекторскиот систем кој има улога за заштита на езерото, години наназад е нефункционален. И покрај обезбедените финансиски средства, тешко дека до почетокот на оваа туристичка сезона ќе се успее да се отстранат сите недостатоци и негативни влијаниа врз Езерото. Се доцни со донесување на многу битни документ. “ – вели Трајче Талевски од граѓанската организација „ Охрид СОС “ за Канал5.

Од општина Охрид без конкретен одговор колку дивоградби до сега се отстранети и колку решенија за рушење се издадени. Од таму тврдат дека направен е значителен напредок со донесувањето на Планот за управување со Охридскиот регион, како и дека бараат решение за депонијата во Буково.

„ На 17-ти јануари ќе се формира Меѓудржавен комитет за УНЕСКО заедно со Албанија. Се надеваме дека Посетата на експертите од УНЕСКО ќе помине добро и очекуваме дека во јуни во Кина, за кога е закажан состанок , Охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрачја. “ – велат од општина Охрид.

Ултиматумот на УНЕСКО беше поставен минатата година, до исполнување на истиот останува еден месец.

„ Статусот за Охридскиот регион и понатаму ја бранува јавноста. Дали власта ќе успее да изнајде меѓудржавен консензус за спас од можното бришење на Охридскиот регион од мапата на сегашниот статус во УНЕСКО? Ова прашање се уште се релативизира со оглед на тоа дека експертите алармираат на неисполнување на најголем дел од препораките на УНЕСКО.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови