Во организација на здружението за субкултура ПП Џез Фестивал на 27, 28 и 29 август 2020 година, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде одржано деветтото издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.
Поаѓајќи од мисијата на фестивалот: поддршка на домашната џез продукција и создавање на нова џез публика… комбинирана со актуелните протоколи за ковид-19 кои треба да се почитуваат, програмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Република Македонија.
Фестивалот ќе започне со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb“ од Велибор Педевски, снимен на локации во Њујорк, Скопје, Белград и Софија.
„JAZZMAN“ е документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува Велибор Педевски, човекот кој е своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен… во филмот учествуваат Wadada Leo Smith, Reggie Nicholson, Reggie Workman, Anthony Braxton, Cecil Taylor, Brandon Ross, Graham Haynes, Doug Wieselman, Milcho Leviev, Dushan Koja Kojich, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета.
После проекцијата на филмот, на сцена ќе ги видиме дечките кои и се веќе добро познати на прилепската публика и во Прилеп настапиле преку повеќе проекти и џез состави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (басгитара), Виктор Филиповски (тапани) овој пат со авторски материјал обединети во бендот SkopjeJazzInc.
Втората вечер ќе ја отвориме со квартетотна Оливер Јосифовски и премиерно ќе го проследиме проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION… проект кој содржи оригинални композиции и музички стандард и од егзотичен карактер, измешани со тврд хард рок звук. Покрај Оливер Јосифовски (контрабас), на сцената ќе ги видиме Гордан Спасовски (клавишни инструменти), Стефан Миладинов (гитари) и Александар Ванчовски (тапани и удиралки).
Светлост е моментално најактуелниот македонски џез состав на домашната и на меѓународнатасцена. Бендот во 2019 година го издаваа лбумот „Odron Ritual Orchestra“ кој на светските листи е сместен меѓу петнаесетте најдобри албуми, а во 2020 година ги реализираат албумите „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Карактеристика за музиката нa овај состав е дека истата се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретниот проект, а стилските правци се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика.
Нинослав Спировски [кларинет / сопрансаксофон / тенорсаксофон]
Кристијан Новковски [тапани / удиралки]
Дени Омерагиќ [басгитара / синтесајзер / електроника]
Третата вечер ќе стартува со новината на овогодинешниот фестивал, промоција на книгата Press&Play од Ненад Георгиевски. Прес енд плеј (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.
Следни се Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучи во композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Enrico Rava, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jan Garbarek, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Tomasz Stanko, Nils Petter Molvaer и други. На фестивалот ќе изведат и дел од композициите на новиот албум кој е во фаза на студиско снимање.
Членови на Next to Silence се:
АлександарНиколовски (труба)
Филип Димишковски (клавијатури)