Mилошоски и Николоски на списокот на Каракачанов на политичари со бугарско државјанство

77

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на својот фејсбук профил објави имиња на политичари, познати личности од Македонија кои имаат бугарски пасош и жителство во некој од грaдавите во Бугарија. Вели дека 120 илјади луѓе од Македонија се со право на глас на изборите во Бугарија.На почетокот од списокот ги стави Александар Николоски и Антонијо Милошоски. Списокот е подолг од тој што го објавил, вели Каракачанов.

Каракачанов ги објави следните имиња на политичари од Македонија и за секого напиша во кој град е впишан како жител.

Александар Николоск, во софија – во реонот Средец, Софија,
Антонио Милошоски, Софија,
Никола Мицевски, Ќустендил,
Стефан Андоновски, Ќустендил,
Мария Андоновска, Благоевград,
Љупчо Димовски, Ќустендил,
Бојан Стјановски – Благоевград,
Иван Јорданов – Ќустендил,
Игор Здравковски – Ќустендил,
Марија Петрушевска – Средец,
Даянчо Ефтимов – Благоевград,
Здравко Трајанов – Благоевград,
Александар Пандов – Средец,
Петар Богојески – Оборище,
Филип Петровски – Средец,
Стевица Јанева – Петрич,
Тало Груевски – Благоевград.

Каракачанов вели дека избирачките списоци, во кои се запишани сите бугарски граѓани, се информации од јавен карактер и секоја бугарска општина е обврзана со закон да ги рекламира, физички и преку Интернет, сите оние кои имаат право на глас – живеат на нејзина територија.

„Деновиве ги ‘ископав’ веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња, сите луѓе од Македонија, кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари“, нагласува Каракачанов во својата објава.