Maне сруши рекорд на Дрогба, Ливерпул влезе во историјата на англискиот фудбал

0

Вчера Ливерпул успеа да се пласира во финалето од Лигата на шампионите откако во реваншот со 2:3 уште еднаш го победи Виљареал за вкупни 2:5. Третиот гол за Ливерпул вчера беше дело на Садио Мане.

Мане успеа да сруши и рекорд во ова натпреварување. Сенегалецот стана најдобриот афрички стрелец кога станува збор за головите во нокаут фазата од Лигата на шампионите, зад Мане остана Дрогба со 14 гола.

До 15 постигнати голови во оваа фаза Мане стигна во 12 сезони во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување. Историја испиша и Ливерпул кој стана првиот тим кој во иста сезона влегол во завршницата од ЛШ и двата домашни Купа, ФА и Карабао. „Црвените“ веќе го освоија, додека во ФА Купот ќе играат против Челзи. Вечерва ќе го дознаат противникот во финалето од Лигата на шампионите после реваншот во кој ќе се сретнат Реал Мадрид и Манчестер Сити.