Maкедонските фанови ќе може да патуваат на баражот против Италија

12

Македонските фанови ќе имаат можност да влезат во Италија и да навиваат за Македонија во баражот за СП против Италија.

Италијанската амбасада информираше дека денес од 1. Март се до 31. Март се очекува да заврши вонредната состојба и нема да има ограничувања за влез во земјата.

Во Италија ќе мое да се влезе со приложување на Еворпскиот ковид сертификат кој се добива по извршена вакцинација со една од одобрените вакцини од ЕМА. Алтернативно ќе може да се влезе и со прикажување на негативен молекуларен или антигенски тест од кој се ослободени децата под шест години.