Oд ковид 19 почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалник на Скопје

347

Заменик-градоначалникот на Скопје Енвер Малиќи почина од компликации предизвикани од вирусот ковид 19.

Енвер Малиќи е сопственик на компанијата Гемак Трејд, која во регистарот на Стопанска комора се води како средна компанија којашто се занимава со трговија.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов 2017 во ноември, го именуваше за заменик-градоначалник на Скопје.

Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на Град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше и почесен конзул на Мексико.

Кога беше избран за Маж со трајни вредности и Маж со стил во 2019 година, тој рече дека бизнисменот во животот се води од девизата „Никогаш не откажувај се“.