вторник, декември 3, 2024
5.8 C
Skopje

Абазовиќ: Со потпишувањето на Темелниот договор испратена е пораката за мир и толеранција

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, денеска, по потпишувањето на Темелниот договор со СПЦ изјави дека му е чест и задоволство што со денешното потпишување на договорот на убав и достоинствен начин се стави крај на процесот кој, како што кажа, траеше предолго.

-Идејата за потпишување договор со Српската православна црква е стара. Жалам што не беше реализирана во претходниот период. Владата е решена на сите верски заедници да им даде потполно исти права. Среќни сме и задоволни ако денеска придонесовме за тоа, изјави Абазовиќ по потпишувањето на Темелниот договор.

Воедно, тој му посака топло добредојде на патријархот на СПЦ Порфирие.

Абазовиќ додаде дека верува оти на овој начин се испраќа порака за мир и толеранција, дека се врти нов лист и дека се врти кон нови предизвици, кои не им недостасуваат на црногорското општество и околина, туку се со желба да се изгради општество на еднаквост, правда и дека правото што се бара за себе ќе се дава и на другите.

-Тоа е идеја водилка, многу толерантна и граѓанска и верувам дека денеска ставивме крај на еден предизвик што стоеше пред нас, рече Абазовиќ во видео пораката од потпишувањето на Темелниот договор на СПЦ.

Тој истакна дека е горд на сработеното и им се заблагодари на сите кои учествуваа во овој процес.

Тој посочи дека му претставува чест и задоволство што има можност да „го затвори прашањето кое долго време го оптоварува црногорското општество на убав, соодветен, достоинствен начин и во согласност со Уставот и законите на нашата земја“.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови