вторник, април 29, 2025
7.8 C
Skopje

Бегај – 2022 беше тешка година за националната безбедност на Албанија

 

Безбедносната состојба во Албанија, состојбата на северот на Косово и нелегалната агресија на Русија врз Украина, биле тема на разговор на седницата на Националниот совет за безбедност на Албанија, што се одржа попладнето на 23 јануари. Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој го свика Советот, побарал со приоритет да се разгледуваат и изготвуваат стратешки документи од областа на национална безбедност и одбраната.

Во соопштението од кабинетот на Бегај се наведува дека сите институции се посветени да ја гарантираат националната безбедност во областа на нивната одговорност.

Бегај, на седницата, минатата година ја оценил како „тешка и предизвикувачка за националната безбедност“, споменувајќи ги сајбер-нападите, според него, спонзорирани од државните структури на Иран, чија цел била дестабилизација на земјата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови