сабота, декември 14, 2024
3.8 C
Skopje

Брнабиќ: Курти не донесе на работ на војна, блиску сме до одлуката да ја вратиме војската на Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во врска со настаните на Косово, оцени дека ситуацијата на Косово е на работ на вооружени конфликти и изрази мислење дека Србија има право и намера, според Резолуцијата 1244 на ОН, да врати одреден број на војници во Косово.

-Тоа е политиката на 19 век. Исклучително сум загрижена и ми беше тешко да заспијам минатата ноќ. Курти не доведе сите нас, и Србите и Албанците, на самиот раб на војната. Но, тој не го направи тоа сам. Имаме целосно игнорантно однесување и на партнерите во ЕУ, кои не реагираат или реагираат само кога навистина гори, изјави Брнабиќ.

„Кфор и ЕУЛЕКС не си ја вршат работата, не само според Бриселскиот, туку и според Кумановскиот договор. Тие не ги штитат Србите на Косово, ниту јужно од Ибар, ниту на северот од Косово“, истакна Брнабиќ.

Таа рече и дека секојдневно се гледаат прекршувања на Кумановскиот договор, како и на Бриселскиот договор.

-Затоа сме многу блиску до тоа и верувам дека денеска претседателот Александар Вучиќ ќе даде повеќе информации за неговите средби за да побараме враќање на нашите сили на Косово и Метохија според резолуцијата 1244 на ОН. Затоа што КФОР не си ја врши работата и затоа што Србите на Косово и Метохија не можат да се чувствуваат безбедни. Таму им се загрозени животите, вклучително и на децата во градинките, посочи таа.

„Никој не прави апсолутно ништо. Доведени сме на работ на вооружен конфликт. До ова не доведе една неодговорна личност. Претседателот Вучиќ повеќе од 10 пати кажа дека ќе дојде до тоа. Курти ризикува секој ден, тоа води до одредена нестабилност и доволна е само една искра. Не можам да ги разберам партнерите во ЕУ, ниту НАТО, ниту КФОР, ЕУЛЕКС, затоа што на територијата на Косово и Метохија, која моментално е управувана од привремени институции во Приштина, немате правна држава, ниту основни човекови права, ниту дали тоа некој го контролира, ниту дали Србите и другите неалбанци се чувствуваат во основа безбедни“, рече срспката премеирка.

Брнабиќ истакна дека смета дека да Србија има право според резолуцијата 1244 и намерата да врати одреден број војници таму, бидејќи доколку КФОР не обезбеди мир, Србија сака да се бори за мир и стабилност, бидејќи има многу да изгуби.

На новинарско прашање, дали Србија ќе испрати војска на северот на Косово, бидејќи, како што изјави новинарот од Јуроњуз, да според резолуцијата 1244, таму е дозволено присуство само на деминери и на оние кои имаат врска со цивилната власт, Брнабиќ рече дека ќе се бара се што е во согласност со Резолуцијата 1244.

 

-Се што е во согласност со резолуцијата 1244, за која сите гласаа и која е валиден документ. Верувам дека кога тоа ќе го бараме, а колку години поминаа од донесувањето на Резолуцијата 1244, дека секако со раширени раце ќе прифатат сите оние кои ги повикуваат сите земји во светот да ги почитуваат сите резолуции на Советот за безбедност, за да се обезбедат принципите на меѓународното право и, како што велат, мирот во светот, рече Брнабиќ.

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ објави фотографија со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ, со текст „Нема предавање!“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови