петок, ноември 8, 2024
-2.2 C
Skopje

Визното усогласување на Западен Балкан со ЕУ влијаеше на намалувањето на илегалната миграција

Визното усогласување на земјите од Западен Балкан со Европската Унија влијаеше на намалување на бројот на илегални мигранти во ЕУ од овој регион, се наведува во извештајот на Европската комисија за состојбата во Шенген зоната, кој беше објавен денеска.

Мерките спроведени во текот на минатата година, како што е усогласувањето на визните политики на Западен Балкан и ЕУ „веќе дадоа добри први резултати со намален број на нерегуларни влезови во ЕУ од

на овој регион“.

Во извештајот се вели дека нерегуларната миграција минатата година го достигнала највисокото ниво од 2016 година со 330.000 нелегални гранични премини пријавени од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Таканаречената балканска рута учествуваше со 43 проценти од сите нередовни влезови во 2022 година, а зад неа, втора најфреквентна рута беше медитеранската рута.

Илегалната миграција, се додава, носи со себе ризици како што се експлоатација и опасностите од нелегалните морски и копнени патишта.

Благодарение на зголемените контроли на надворешните граници на ЕУ, во извештајот се оценува дека Унијата е подобро подготвена од 2015 година за заеднички да го спречи нелегалниот прилив на мигранти.

„Во последниве месеци, беа направени напори за подобрување на граничната способност и поддршка на купувањето електронски системи за надзор на надворешната граница“, се вели во извештајот.

Заедничката визна политика на ЕУ е составен дел на Шенген и е една од најважните алатки за решавање на безбедносните ризици и предизвици што ги носи нерегуларната миграција во Шенген зоната, се додава во документот.

„Редовниот мониторинг на безвизните режими што ги има ЕУ со трети земји, особено со земјите од соседството на ЕУ, покажа дека остануваат важни предизвици во овој поглед“, се додава во извештајот на Европската комисија за состојбата во Шенген зоната.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови