сабота, декември 14, 2024
-3.2 C
Skopje

Воена парада во Атина по повод 203-годишнината од востанието за независност на Грција

Во присуство на грчката претседателка, претседателот на Парламентот, министерот за одбрана, потпретседателот на Европската комисија, претставници на опозициските партии, како и на дипломатскиот кор, претпладнево во Атина се одржа традиционалната воена парада по повод годишнината од востанието во 1821 година за независност на Грција, јави дописничката  од Атина.

Во парадата на вооружените и безбедносните сили на Грција пред грчкиот Парламент и споменикот на Непознатиот војник, учествуваа воени инвалиди, оклопни возила, пешадија, припадници на противпожарната служба и полицијата, на воената морнарица, претседателската гарда итн

На небото над Атина прелетуваа авиони и хеликоптери на военото воздухопловство, на полицијата и противпожарната служба.

Присутните граѓани, кои во огромен број ја следеа парадата, имаа можност да ги видат и воените авиони Ф-16 и Рафал како и легендарниот авион од Втората светска војна Супермарин Спитфајар, симбол на британското воздухопловство.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу по парадата рече дека хероите од 1821 година, кои се кренаа против турската окупација и ја ослободија Грција се пример што потсетува дека пред предизвиците на денешнината Грците црпат сила од единството.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, кој е во официјална посета на Канада, заедно со неговиот канадски колега Џастин Трудо ја следеше парадата на здруженијата од грчката заедница во Монтреал.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис со оглед на тоа дека веќе десет дена е на отслужување на воениот рок во Тива, денеска учествуваше на парадата во конкретниот грчки град.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови