среда, мај 21, 2025
15.8 C
Skopje

Во Грција минатата година за 30 отсто се зголемиле мигрантските бранови

За околу 30 отсто се зголемиле мигрантските бранови кон Грција во 2024 година, споредбено со една година претходно, според министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос, кој во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека веќе е развиена нова рута јужно од Крит, јави дописничката од Атина.

– На грчка и европска територија (во 2024 година) нелегално влегоа над 50.000 луѓе, нелегални мигранти, над 12.000-13.000, можеби и повеќе од претходната година. Имаме развој на нов коридор од југ, односно од брегот на Либија преку Гавдос до Крит и од таму до внатрешноста на земјата, а оттаму брановите донекаде се зголемени, објасни надлежниот грчки министер.

За притисокот врз центрите за прием и идентификација во Грција, рече дека на островите Самос и Кос капацитетите се 100 отсто исполнети и потребно е префрлање во објекти во континенталниот дел на земјата.

Панајотопулос истакна дека на маса во ЕУ е и прашањето за враќање во трети земји, на оние чие барање за азил е одбиено, прашање за кое рече дека ќе се дискутира на следниот министерски состанок, а паралелно објасни дека не знаат колку вакви случаи има во Грција, но дека сигурно се неколку илјади.

– Тие или остануваат во земјава, бидејќи службата за азил ја следи процедурата за известување на полицијата за да ги лоцира, што не е секогаш така лесно, или заминуваат. Заминуваат самоиницијативно за да стигнат до нивната крајна дестинација, некоја земја во северна Европа. Според законот, тие треба да бидат пронајдени и вратени, бидејќи не го добиле азилот што го побарале во Грција, во земјата на влез, во Европската унија. Ова не е секогаш така лесно. Сметам дека со дискусијата што сега започнува, Европската унија ќе го промени својот став и ќе се обиде да ги лоцира и реши ваквите случаи, односно во смисла дека оние кои се одбиени како баратели на азил и не добиваат азил, ќе треба на некој начин да бидат лоцирани и вратени, рече Панајотопулос.

Во однос на соработката со Турција во управувањето со миграцијата, министерот објасни дека носи резултати на копнената граница и може да се подобри во поморските области, како што се островите во југоисточниот дел на Егејското Море и ја истакна потребата да се интензивира соработката во борбата против мрежите на криумчарите.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови