Во претходните 24 часа 176 примероци од Сараевскиот кантон биле тестирани за коронавирус, од кои 22 биле новозаразени. Исто така, уште девет примероци се позитивни, но станува збор за ретестирани случаи, односно лица кои веќе се регистрирани како позитивни.
Во споменатиот период, едно лице е излечено, а вкупно 22 лица се на лекување во болница, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје. Ниту еден пациент не е на респиратор.
Во претходниот период, повеќето новозаразени се регистрирани на подрачјето на Илиџа и Нови Град.