понеделник, април 28, 2025
11.8 C
Skopje

Во Словенија историски најниско нивото на индексот на перцепција на корупцијата

 

Во Словенија минатата година повторно се намали индексот на перцепција на корупцијата и достигна историски ниско ниво, соопшти невладината меѓународна организација „Транспаренси интернешнeл“.

Како што пренесува словенечката агенција СТА, Словенија лани падна за еден поен и со 56 поени се изедначи со Италија, Грузија и Чешка.

„Наодите од овогодинешниот индекс на перцепција на корупцијата се многу загрижувачки, а „Транспаренси Интернешнл Словенија“ верува дека трендот ќе продолжи се додека носителите на одлуки не продолжат да спроведуваат нулта толеранција за корупцијата“, предупреди претседателката на словенечкиот огранок на „Транспаренси Интернешнел“, Нежа Грасели.

Таа истакна дека „секој поединец може да придонесе со својот дел за поголем интегритет во општеството барајќи нулта толеранција од носителите на одлуки“.

Веќе во 2021 година Словенија доживеа значителен пад во рангирањето на земјите во однос на перцепцијата на корупцијата, но пред тоа стагнираше неколку години.

Кај словенечките соседи најлошо е оценета Унгарија, која од 2012 година загуби 13 бода, а овојпат со 42 се најде на 77. место.

Нешто подобро рангирани се соседните Хрватска (50 бодови, 57. место) и Италија (56 бодови, 41. место). Значително подобар пласман оствари Австрија, која е на 22. место со скор 71, но во последната година падна за три поени.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови