Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека во Нови Сад има грозоморни, насилни протести против државата Србија и порача дека сите кои учествувале во тоа ќе бидат казнети и кривично гонети од државата.
Вучиќ истакна дека Србија ќе го брани своето знаме и ќе ги казни сите сторители на криминални дела.
„Она што е мојата порака до нив е дека полицијата вечерва е многу воздржана, надлежните државни органи вечерва се воздржани, не само поради нив, туку и поради почитта што ја покажуваме кон жртвите од оваа страшна трагедија. Но, зарем луѓето и граѓаните на Србија не мислат дека насилството е дозволено. Сите кои учествувале во ова ќе бидат казнети, ќе одговараат и ќе бидат гонети од државата Србија
Тој рече дека „некои други организирале протести, демонстрации или комеморативни собири, но организирале хистерични, ужасни физички напади врз своите неистомисленици, кои не им се придружиле во колоната, во просториите на оние кои мислат поинаку“, нагласи тој во видео обраќањето на Инстаграм профилот.
Демонстрантите во Нови Сад откако беше испуштена вода и фрлена црвена боја пред Градското собрание најавија дека ќе останат на тоа место и во наредните 48 часа – рок што им го даваат на надлежните да ги исполнат нивните барања.
Доколку не ги исполнат, демонстрантите планираат да одат во Белград, јавија локалните медиуѕми.
Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест каде организаторите бараат сите кои директно и индиректно се одговорни за трагедијата што се случи на 1 ноември кога врз луѓе падна бетонска настрешница да поднесат оставки и кривично да одговараат.