Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното интервју на ТВ Прва најави дека на 17 декември во Србија ќе се одржат избори, јави дописникот од Белград.
– Ќе има парламентарни, белградски и (покраински) избори за Војводина, рече Вучиќ и додаде дека на тој начин ја исполнува желбата на опозицијата.
Вучиќ информира дека изборите мора да ги распише до 2 ноември за да се одржат на 17 декември.
Тој рече и дека локални избори ќе се одржат во околу 60 општини, во зависност од тоа дали и колку оставки ќе дадат градоначалниците на тие општини.
Според него, важно е тие да се одржат за граѓаните да се изјаснат.
– Важно е народот да се изрази, народот е носител на суверенитетот, народот е носител на суверенитетот … Можеме да ја добиеме довербата од народот – тоа е во ред. Не можеме – повелете ве молам нека владее некој друг. Немаме никаков проблем со тоа, изјави Вучиќ.