вторник, мај 20, 2025
10.2 C
Skopje

Вучиќ изрази сочувство, понуди помош за Албанија

Српскиот претседател Александар Вучиќ му понудил помош на албанскиот премиер Еди Рама по големите катастрофални поплави што ја зафатија Албанија. Како што пренесуваат албанските медиуми, кои се повикуваат на извори на Владата во Тирана, Вучиќ изразил жалење за големите штети од поплавите во Албанија и притоа нагласил дека Србија е подготвена да упати техничка помош за санирање на последиците од големите поплави.

Албанија продолжува да се соочува со големи штети од поплавите како што се илјадници поплавени хектари обработливо земјите, голем број на поплавени куќи, евакуирани семејства, како и големи штети на добитокот. Исто така голем проблем се урнатите мостови, оштетените патишта, поради што неколку дена и нема настава во земјата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови