недела, февруари 9, 2025
9.8 C
Skopje

Вучиќ му честиташе на Милановиќ за изборната победа

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, јави Бета.

„Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ му ја честиташе победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска“, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на Вучиќ.

Милановиќ, актуелен претседател и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија, во вториот круг од претседателските избори, вчера го победи Драган Приморац, кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) со 74,69 наспроти 25,31 отсто од гласовите

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови