сабота, февруари 8, 2025
-3.2 C
Skopje

Вучиќ: Никој нема да ги спречи студентските блокади, ние секогаш сме за дијалог

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека никој не би помислил да ги запре студентските блокади на факултетите и посочи дека власта секогаш е за дијалог, а опозицијата врши насилство.

„Кога упаднаа во нечии простории, ние не го направивме тоа, тие го направија тоа. Тие се оние кои се вклучени во насилство. Нам не ни треба насилство. Сакаме да разговараме со студентите, со сите. Тие победија, ние секогаш сме за дијалог и сакаме да рзговараме за барањата, дали се исполнети или не, или барем да ни кажат што не е исполнето, никогаш не слушнавме што не е исполнето, се чини дека нема“, рече Вучиќ.

На прашањето на новинарите во Давос да ја коментира изјавата на Бојан Пајтиќ во која се тврди дека неговиот брат Андреј Вучиќ и Звонко Веселиновиќ наводно подготвувале навивачи од Белград да ги прекинат блокадите во Нови Сад, Вучиќ рече дека не го видел Веселиновиќ седум-осум години и дека никој нема да им влегува на студентите во факултетите.

„Што би направил некој? Мислам дека Бојан Пајтиќ има многу поголеми други грижи, правни грижи. Мислам дека никој не е загрижен за овие блокади. Им кажавме на студентите дека се е во ред, нема проблеми, може да блокираат улици незаконски и тоа се толерира. Не може да се толерира се што е надвор од тоа, да малтретираш некого,  е тоа не ни паѓа на памет“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека насилството денеска го врши опозицијата и дека Драган Ѓилас напаѓал деца кои лепеле плакати, дека се шушкало дека хулигани на СНС напаѓале пред шеталиштето во Нови Сад и дека, како што рече, се покажало дека се опозициски хулигани.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови