Претседателот на Србија во утринската програма на ТВ Прва рече дека е убеден дека наскоро ќе добијат понуда за ЕУ, но дека таа ќе биде течко прифатлива.
„Ќе ни претстават решение кое нема да можеме да го прифатиме. Убеден сум дури дека тоа ќе се случи оваа година.
Ќе се обидат да ни дадат гаранции за ЕУ, но под услов да го признаеме Косово и ќе ни понудат посебен статус за Србите во одредени области“ рекол Вучиќ.
„И тогаш што? Ќе ги прашам луѓето. Пред три години прашав, и никој не го сакаше тоа “, вели Вучиќ.
На прашањето што би направил ако пред него биде ставен ултиматум, тој рече: „Ќе видите“.