вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Галуп: За Бугарите односите меѓу Софија и Скопје се поважни од членството на Македонија во ЕУ

Уредувањето на односите меѓу Скопје и Софија, а не патот на Македонија кон ЕУ, е приоритет за 70 отсто од бугарските граѓани. Притоа помладите Бугари и различните малцински групи не се многу заинтересирани за темата, покажува последното истражување на „Галуп интернешенел Балкан“, спроведено „лице в лице“ во ериодот од 25 ноември до 3 декември на примерок од 803 полнолетни Бугари.

Според резултатите од истражувањето, 71,1 отсто од анкетираните сметаат дека е најважно да бидат уредени односите меѓу Софија и Скопје, а 7,5 отсто велат дека е поважно Македонија да стане членка на Европската Унија, додека мислење немаат 21,4 отсто од анкетираните граѓани.

Најтврди во ставот дека поважно е да се уредат односите со Скопје отколку членството на Македонија во ЕУ се граѓаните од возрасната група над 45 години и жителите на Софија. А оние што се колебаат во одговорот најмногу се од помладата популација, граѓаните со основно или пониско образование и оние што се изјасниле како Турци и Роми. Во Софија, пак, каде што се концентрирани групи со повисоки приходи и образование, само 2 отсто даваат приоритет на членството на Македонија во ЕУ, а обратен став имаат близу 80 отсто од анкетираните.

Сличен е резултатот гледано според поддржувачи на партиите при што над 80 отсто велат дека приоритет се односите меѓу двете земји, а потоа следува членството на Скопје во ЕУ.

Во однос на политичката криза во земјава, 52 отсто од Бугарите сметаат дека она што се случува во Македонија е многу важно за Бугарија. Околу една третина од анкетираните не дале конкретен одговор, а само една десетина велат дека она што се случува во Македонија не е важно за нив.

Во истражувањето се проверува и генералниот однос на бугарските граѓани кон други земји. Од наброени 42 држави, Македонија е во првите десет кои што Бугарите ги сметаат за блиски. Но, Македонија ја нема меѓу државите кои Бугарите ги сметаат за најдалечни.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови